Глас македонски
"Глас македонски" е весник на македонската емиграција во Бугарија, редактиран е од Коста Шахов и излегува од 1893 до 1898 година. Негова главна тема е положбата на македонското население во Османлиското Царство. Весникот ја застапува идејата за слободна и автономна Македонија [1]. Осум месеци уредник на весникот е Марко Цепенков. Весникот се печател во печатницата на Иван Гуцев, Иван К Божинов, Браќа П Спиркови. Бил испраќан од Гоце Делчев во Македонија. Меѓу уредниците на весникот е Лука Ѓеров. Се спојува со весникот "Вардар" и почнува да излегува како "Борба за слободата на Македонија и Одринско" (1899) [2].
Уредник | Коста Шахов |
---|---|
Основан | 1893 |
Престанал | 1898 |