Тодор Павлов
Оваа статија е за комунистот Тодор Павлов. За дипломатот Тодор Павлов видете Тодор Павлов
Тодор Павлов | ||
Роден | 14 февруари 1890 Штип, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 8 мај 1977 Софија, Бугарија |
Тодор Димитров Павлов — комунист, политичар и филозоф од Бугарија со потекло од Македонија. Во светски рамки е познат како еден од главните застапници на теоријата на одразот.
По доаѓањето на Отечествениот фронт на власт во Бугарија, Павлов е еден од тројцата регенти на Царството Бугариjа во периодот 1944-1946. Потоа бил член на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија од 1957, член на Политбиро од 1966, двапати член на Президиумот на Народното собрание (1947-1954 и 1962-1971), претседател на Бугарската академиjа на науките (БАН) во периодот 1947-1962[1], по 1962 - почесен претседател на БАН, директор на Институтот по филозофија во БАН (1949-1952 и 1960-1977), почесен претседател на Сојузот на бугарските писатели.[2]
По повод испраќањето на посмртните останки на Гоце Делчев за Народна Република Македонија на 7 октомври 1946 година одржал свечен говор[3] во Народниот театар во Софија.
За Гоце Делчев и македонското национално движење
уреди„Гоце Делчев уште во младоста се оформи во голем стратег, тактичар и организатор на македонското национално револуционерно дело, поврзано и со други македонски национални револуционерни дејци: Јане Сандански, Никола Карев, Васил Главинов, Веле Марков, Димо Хаџи Димов и други."[3][4]
„Гоце навистина стана голема македонска легенда; она што Караџата, Левски и Ботев беа за бугарскиот народ, Гоце беше за македонскиот народ.“[3][4]
„Гоце, со целата своја револуционерна дејност и сфаќања, практично, многу придонесе за формирањето и развојот на македонската национална (македонскословенска, а не бугарска и не српска) свест… Heму, се разбира, му беше позната и дејноста Теодосиј Гологанов и Партение Зографски на Ѓорче Петров, Мисирков, Петар Попарсов и Лозарите… Желбите на Гоце, сега се историски факт кој со никакви извртувања и со никакви провокативни подметнувања и интриги од нашите бугарски реакционери, кои сакаат да го вратат назад тркалото на историјата, не може да биде ниту одречен, ниту омаловажен или потценет.“[3][4]
Извори
уреди- ↑ Историски дел Архивирано на 22 март 2008 г. на страницата на БАН.
- ↑ "Речник на бугарската литература", 3 том, Издавачка куќа на БАН, Софиjа, 1982, стр. 8-9.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Говор на Тодор Павлов по повот заминувањето на посмртните останки на Гоце Делчев за Н. Р Македонија - 1946
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Говорот на Тодор Павлов за Гоце Делчев, стр. 1, 1946 година, Софија
Надворешни врски
уреди- Говор на Тодор Павлов по повод заминувањето на посмртните останки на Гоце Делчев за Н. Р Македонија 1946 година, Софија.
Оваа статија политичар/ка од Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |