Кузман Шапкарев
Кузман Атанасов Шапкарев (1 февруари 1834 во Охрид — 18 март 1909 во Софија) — еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари.
Кузман Шапкарев | ||
Роден | Кузман Атанасов Шапкарев 1 февруари 1834 Охрид, Битолски Вилает, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 18 март 1909 Софија, Царство Бугарија | (возр. 75)|
Националност | Отоманец | |
Народност | Македонец | |
Занимање | фолклорист, публицист, учебникар |
Библиографија
уредиКузман Шапкарев е роден во семејство на сиромашен занаетчија во Охрид на 1 февруари 1834. Завршил основно училиште, но заради сиромаштија морал да го прекине образованието.
До промена во неговиот живот дошло кога му понудиле да го заземе учителското место на неговиот чичко. Така станал учител и учителствувал во Битола, Охрид, Струга, Прилеп и Кукуш на грчки и бугарски јазик.[1] Тогаш ги запознал Димитрија и Константин Миладинови. По стапките на Димитрија Миладинов, на кого му станал зет, зашто Кузман се оженил со неговата ќерка, почнал да собира народни песни и умотворби. Кога браќата Миладиновци бидуваат затворени, Кузман безуспешно се обидува да им помогне. По нивната смрт, тој отишол да учителствува прво во Прилеп, а потоа во Кукуш.
Во октомври 1893 година заминал за Константинопол, испратен од Бугарската егзархија за да биде уредник на планиран бугарски весник таму. Во септември 1884 година заминал за Пловдив, Источна Румелија.[2] Од 1900 година е редовен член на Бугарското книжевно друштво (преименувано подоцна во Бугарска академија на науките).[3][4][5]
Кон крајот на својот живот заминал за Бугарија. Починал во Софија во 1909 година.
Обемот и квалитетот на собраниот материјал го вбројуваат Шапкарев меѓу најголемите собирачи на народни умотворби не само од Македонија, туку од целиот Балкан. Во своето творештво Шапкарев се изјаснува како Бугарин по род.[6]
Творештво
уреди- 1866 — „Българский буквар“ ("Бугарски буквар")
- 1868 — „Голѣма българска читанка“, втора част на "Българский буквар ("Голема бугарска читанка", втор дел на "Бугарски буквар")
- 1868 — „Кратко землеописание за малички детца“ ("Кратко опишување на Земjата за мали деца")
- 1868 — „Кратка священа повестница от ветхий и новий завет“ ("Кратко свештено прераскажување на Стариот и Новиот завет")
- 1869 — „Наръчно св. благовествование или сбор от евангелските чтения“ ("Прирачник на св. благовестување или зборник од евангелските читања")
- 1870 — „Наръчний св. посланичник или сбор от апостолските чтения“ ("Прирачник на св. посланија или зборник од апостолските читања")
- 1874 — „Майчин язик“ ("Мајчин јазик")
- 1884 — „Материали за животоописанието на братя Х. Миладинови, Димитрия и Константина. С прибавление нещо и за живота на Нака С. Станишев“ ("Материјали за опишување на животот на браќа Х. Миладинови, Димитрија и Константина. Со прибавување на нешто и за животот на Нако С. Станишев")
- 1884 — „Материали за историята на възражданието българщината в Македония от 1854 до 1884 г.“ ("Материјали за историјата на преродбата на бугарштината во Македонија од 1854 до 1884 г.")
- 1884 — „Русалии: древен и тврдѣ интересен българский обичай запазен и до днес в Южна Македония“ ("Русалии: антички и премногу интересен бугарски обичај зачуван до денес во Јужна Македонија")
- 1885 — „Сборникъ отъ народни старини. Книга III. Български Народни Прикаски и Верования събралъ въ Македония и издава К. А. Шапкаревъ“ ("Зборник од народни старини. Книга III. Бугарски народни приказни и верувања собрал во Македонија и издава К. А. Шапкарев")
Библиографија
уреди- Шапкарев, Кузман. (1984). Избор. Приредил Томислав Тодоровски. Скопје: Мисла.
- Шапкарев, Кузман. (1987). Одбрани творби. Приредил Томислав Тодоровски. Скопје: Мисла.
Наводи
уреди- ↑ Кузман Шапкарев - „18-годишне учителствувание мое на български язик, от 1865 до 1884 година“
- ↑ Кузман Шапкарев - „Отиванието и пребиванието ми в Пловдив, Самоков и въобще в българско“
- ↑ "Пътеводител по фондовете на научния архив на БАН", 1981, том 1, стр. 130
- ↑ "Български възрожденски книжовници от Македония: избрани страници", София, 1983, Издателство на БАН, стр. 221
- ↑ "Проблеми на културата", София, 1987, Изтдатествто на Комитета за култура, стр. 118
- ↑ Кузман Шапкарев - „Материали за възраждането на българщината в Македония“: Родил съм се в охридский градский квартал, Варош називаем, в махалата «Св. Безсребреници Врачей», на 1-й февруарий 1834 г. (следователно днес, 1895 г., съм на 62-годишна възраст), от родители сиромаси, родом българи, православни християни.