Руша Чопова (моминско: Делчева; 1868 - 9 јуни 1945) — македонски револуционер и учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. Таа е најстарата сестра на Гоце Делчев и прва жена – револуционерка член на ТМОРО во Кукуш (од април 1895), која рамо до рамо со другите патриоти зела учество во борбите за ослободување на Македонија.[1]

Руша Делчева
Родена 1868
Кукуш, Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција
Починала 9 јуни 1945
Софија, Бугарија

Животопис

уреди
 
Андон Чопов - сопруг на Руша Чопова (1865 - 1944)[2]

Руша Чопова е родена 1868 година во Кукуш, тогаш во Отоманското Царство. Генеолошкото стебло на родот Делчеви не води во 18 век, каде најстар познат член на ова кукушко македонско семејство, е извесен Делчо. Тој имал син Димитар (Митре), кој се оженил за некоја Марија во некое од Солунските села. Всушност Димитар Делчев е таткото на Никола Делчев, односно дедо на Руша и Гоце Делчеви.[2] Руша е најстарата ќерка на Султана и Никола Делчеви, кои покрај неа имале уште 8 други деца: Цоца, Тина, Лика, Елена, Гоце, Мицо, Милан и Христо.[3]

Се омажила за Андон (Доне) Чопов - фурнаџијата и одгледале 7 деца: четири сина Владимир – револуционер на ВМОРО, Тодор Чопов (1892 - 1923), Туше, Христо и три ќерки – Велика (Лика) Јурукова, Ленка и Магда.

Револуционерна дејност

уреди

Извесно време работела како советник на Кукушкото раководно тело на Организацијата и вршела и курирски работи. Во текот на Младотурската револуција, во 1909 година, со педесетина кукушани го помагала соборувањето на султанот Абдул Хамид II. Во Првата балканска војна (1913) дејствувала како доброволец на чело на чета во Македонско-одринското ополчение на линијата на линијата Кешан–Малгара–Димотика, а по Втората балканска војна (1913 година) и палењето на Кукуш, се населила во Бугарија, каде што нејзиниот дом бил сврталиште на многу истакнати македонски револуционери[2][4].

Најмногу информации за неа и воопшто за фамилијата Делчеви дознаваме од нивната ќерка Лика Чопова. Руша сите ја паметат како неуморна, силна, храбра и решителна жена, која немала страв од никого. Покрај сите големи настани од Македонската историја, таа е сведок и на врховистичките убиства на македонските дејци, револуционери со кои често стапувала во вербален конфликт и јавно ги обвинувала за злосторот кој и го нанесувале на македонската борба, како и на нејзиното семејство. Таа ги посочува и како нарачатели на убиството на нејзиниот брат, великанот на македонската борба за слобода, апостолот Гоце Делчев [3].

Нејзината ќерка Лика Чопова - Јурукова (19 февруари 1895 - 5 септември 1983) беше истакнат македонски педагошки работник и публицист. Нејзиниот син Тодор Чопов (28 мај 1890 - 27 септември 1923) пак, беше истакнат револуционер и писател.

Смрт

уреди

Септември, 1944 е период во кој, нејзиното јуначко срце, за прв пат пројавува физичка слабост. Според спомените на нејзината ќерка Лика Чопова - Јурукова, таа одбивала каква било медицинска помош, нити сакала да пие какви било лекарства. Она што останува како силен екот од нејзинита смртна постела се зборовите:

"Јас живеев 77 години и за тоа време многу видов и многу страдав. Доста беше. Ќе умрам со тага во душата дека не почекав да ја видам слободна цела Македонија, за која дадовме толку многу жртви."[3]

Руша Чопова починала во Софија, на 9 јуни 1945 година.

Наводи

уреди
  1. Кратка биографија на Руша Чопова
  2. 2,0 2,1 2,2 Револуционерката Руша Делчева (1868– 1945), По спомените на Лика Чопова. Скопје: Студентски Збор. 1983. стр. 13, 24, 121. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 Огнено Семејство. Скопје, Македонија: Мисла. 1978. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. „ДЕЛЧЕВА-ЧОПОВА, Руша Николова“. https://macedonism.org/. 23.10.2018. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Надворешна врска во |work= (help)

Поврзано

уреди