Димитар Гуштанов
Димитар Атанасов Гуштанов (1876 - 4 мај 1903) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Димитар Гуштанов | ||
Роден | 1876 Крушово, Серско | |
---|---|---|
Починал | 4 мај 1903 Баница, Серско |
Животопис
уредиРоден е во Крушево, Валовишко (Демирхисарско), во патриотско учителско семејство. Учи во егзархиското класно училиште во Сер и во богословското училиште во Самоков. Некое време учителството во селото Старчишта, Неврокопско. Подоцна заминува за Лозана, Швајцарија, каде што во 1898 година завршува право.
Во 1898 година е учител во градот Кочани. Во 1899 година е назначен од Бугарската егзархија за главен учител на егзархиското класно училиште во Петрич. На таа должност останал до 1901 година. Уште во 1899 година се приклучува на ВМОРО и е избран за околиски раководител во градот. Под негово раководство во голем број села во Петричко се создадават комитети на организацијата.
Во 1902 е назначен за директор на Серско педагошко училиште, но поради прогонот на османските власти, во септември преминува во илегала и се присоединува кон четата на Михаил Чаков. Станува нелегален член на Серскиот револуционерен комитет и од Гоце Делчев е поставен за инспектор на четите на ВМОРО во Серскиот револуционерен округ, а од февруари 1903 година е драмски војвода. Во март 1903 година учествува во извршувањето на атентатот на тунелот и мостот на реката Драматица, на железничката линија Солун - Цариград.
Гуштанов загинува заедно со Гоце Делчев во борба со турските аскер во селото Баница, Серско. Во Битката загинале и неговите четници Евстати Арнаутчето, Стефчо од Трлис и Конзулот од Волак, а Георги Савеклијата е тешко повреден и уапсен од Турците . Гоце Делчев и Димитар Гуштанов се закопани во заедничка гробница.