Димитар Мирчев (раководител на ТМОРО)

Димитар Мирчев e македонски деец, дел од Егзархиската групација во Солун, еден од основачите на Бугарското тајно револуционерно братство, а по неговото растурање станува член на Македонската револуционерна организација.

Димитар Мирчев

Животопис

уреди

Димитар Мирчев е роден на 23 октомври 1865 година во Прилеп, Македонија, тогаш во Отоманското Царство. Во 1892 година завршува словенска филологија на Софискиот универзитет. Учителства во Солун и еден од основачите на Револуционерното братство.

По Солунската провала заедно со Иван Гарванов и Спас Мартинов влегува во Централниот комитет.

Како член ЦК бил секретар на Солунски конгрес од 1903 година кога е донесена одлука за кревање на Илинденското востание.

Во април истата година бил уапсен и осуден на 101 години затвор. Мирчев бил испратен на заточение на островот Митилин, но е амнестиран во 1904 година.

Потоа учителства во Битола и Велико Трново, а до почетокот на Балканските војни во Едрене. Таму е уапсен и повторно протеран во малоазискиот град Измит.

Потоа повторно се вратил во Бугарија каде пишува учебници по бугарски јазик и книжевност. Умира во Вршец на 13 јуни 1938 година [1].

Извори

уреди
  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 105.

Предлошка:МРО