Отвори го главното мени

Ванчо Николески (Црвена Вода, Охридско, 10 јуни 1912 - Црвена Вода, Охридско, 15 април 1980) — македонски писател, претставник на првата повоена генерација македонски писатели за деца и младина.

Ванчо Николески
Ванчо Николески.jpg
Роден/а10 јуни 1912
Црвена Вода, Охридско
Починат/а15 април 1980(1980-04-15) (воз. 67 г.)
Црвена Вода, Охридско
Занимањеписател за деца и млади
НационалностМакедонец

БиографијаУреди

Ванчо Николески е роден во село Црвена Вода - Дебарца, Охридско. Основно училиште завршува во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителска школа, тој учителствувал во многу села низ Македонија.[1] По ослободувањето на Македонија, Николески работел како новинар и уредник на весникот „Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола. Од 1950 година, тој бил член на Друштвото на писателите на Македонија.[2]

Награди и признанијаУреди

За своето книжевно творештво, Николески бил добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои и наградите:

Неговите дела се преведени на сите југословенски јазици, а тој самиот се занимавал со преведување од српски и од руски јазик.

Во негова чест, Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади.

БиблиографијаУреди

Николески спаѓа во основоположниците на македонската литература за деца и нејзин најистакнат претставник во периодот непосредно по Втората светска војна. Своите први поетски творби ги објавил во детскиот весник „Титов пионер“.[4]

  • „Македонче“ (прва збирка песни за деца на македонски јазик, 1946)
  • „Мице“ (поема, 1947)
  • „Школско ѕвонче“ (песни, 1947)
  • „Прва радост“ (песни, 1947)
  • „Бабино вретенце“ (песни, 1948)
  • „Крај огниште“ (песни, 1948)
  • „Дедови приказни“ (песни, 1950)
  • „Шарено торбиче“ (песни, 1950)
  • „Татковина“ (песни, 1950)
  • Мое село“ (песни, 1950)
  • „Чуден свет“ (песни, 1952)
  • Чудотворен кавал“ (раскази, 1952)
  • „Мојот ден“ (сликовница, 1952)
  • „Стани, Коле“ (песни, 1952)
  • „Братска дружба“ (приказни и бајки, 1953)
  • „Четиринаесет илјади ослепени“ (историска поема за времето на Цар Самоил, 1954)
  • „Приказни и бајки за деца“ (1955)
  • „Чудни случки“ (раскази, 1958)
  • „Цвета смета“ (сликовница, 1960)
  • „Волшебното самарче“ (роман, 1962)
  • „Приказни од моето село“ (раскази, 1964)
  • Гоце Делчев“ (роман, 1964)
  • „Чуден дедо“ (песни, 1964)
  • „Под виорното знаме“ (роман, 1967)
  • „Приказни од волшебната куќичка“ (раскази, 1970)
  • „Малиот ловец“ (раскази, 1970)
  • „Станко спанко“ (песни, 1972)
  • „Ѕвездени вечери“ (песни, 1973)
  • „Рачко плачко“ (песни, 1973)
  • „Крвави години“ (хроника-роман)
  • „Жива книга“ (раскази, 1978)

НаводиУреди

  1. Косара Гочкова, „Разговор за делото „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески“, во: Ванчо Николески, Гоце Делчев. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1987, стр. 91-92.
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 180.
  3. Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола.. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 154-155. ISBN 978-9989-2783-0-3. http://www.nuub.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=375:2009-11-25-09-35-37&catid=68:2009-10-25-07-54-14&Itemid=94. 
  4. Косара Гочкова, „Разговор за делото „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески“, во: Ванчо Николески, Гоце Делчев. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1987, стр. 91.

Надворешни врскиУреди