Захариј Стојанов
Захариј Стојанов ( 1850 - 2 септември 1889) (роден како Џендо Стојанов Џедев) ― бугарски револуционер, политичар и писател. Водач во Априлското востание, тој станал и негов прв историограф со својата книга „Записите на бугарските востанија“. Захариј Стојанов ја раководел организацијата за обединување на Кнежевството Бугарија со Источна Румелија во 1885, а остатокот од животот го минал како еден од водачите на Народнолибералната партија.[1]
Захариј Стојанов | ||
![]() | ||
Роден | Џендо Стојанов Џедев 1850 Медвен, Одрински Пашалак, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 2 септември 1889 Париз, Франција | (возр. 38–39)|
Националност | Отоманец (1850-1878) Бугарин (1878-1889) | |
Народност | Бугарин | |
Занимање | револуционер од Бугарија |
Животопис
уредиЗахариј Стојанов е роден во семејството на овчарот Стојан Далакчиев во селото Медвен, близу Сливен. Неговото вистинско име е Џендо Стојанов Џедев. Учел на црковното училиште во родното село (1856-1862). Потоа бил овчар во селото Топола и во селото Подвис, кај Бургас (1866-1870). Додека чиракувал за кројач во Русе (1871-1872), се вклучил во Русенскиот револуционерен комитет.
Захариј Стојанов учествува во Старозагорското востание (1875). Тој е еден од раководителите на IV Пловдивски револуционерен округ за време на Априлското востание (1876). По поразот на востанието, заедно со Георги Бенковски и отец Кирил и Стефан Далматинецот се засолниле на Стара Планина, но се предадени и паѓаат во заседа на Тетевенскиот Балкан. При заседа Бенковски и отец Кирил се убиени, Стефан Далматинец е фатен, а самиот Захарија Стојанов успеал да избега. По неколкудневните скитања низ Стара Планина е фатен во близина на селото Терзијското, во близина на Тројан.
По неколку месеци поминати во Тројанскиот, Ловешкиот, Севлиевски, Тъновскиот, Еленскиот, Сливенскиот и Новозагорскиот затвор, се населил со Пловдив, а подоцна принудно бил испратен во Медвен. Нелегално оди во ослободено Трново (1877).
По 1878 година Захариј Стојанов е член на окружниот суд во Трново (1880), секретар на Апелациониот суд и судски истражител во окружниот суд во Русе (1881), вработен во Дирекцијата за правда на Источна Румелија (1882-1885). Тој го предводи Бугарскиот централен таен револуционерен комитет, кој организира обединувањето на Источна Румелија со Кнежевството Бугарија (1885). Од 1886 живее во Софија, каде што се вклучува активно во дејностите на Народнолибералната партија. Тој е народен претставник во Народното собрание (1886), потпретседател (1887) и претседател на парламентот (1888-1889).
На 2 август 1889 година по повод двегодишнината од устоличувањето на кнезот Фердинанд I, Захариј Стојанов е удостоен со Кнежевски орден "Свети Александар" I степен.[2] Починува од кинење на цревата, како последица на труење.[3]
Творби
уреди- Искандер бей. Разказ из бълг. живот. 1882
- Васил Левски (Дяконът). Черти из живота му. 1883
- Записки по българските въстания Архивирано на 27 септември 2011 г.. Разказ на очевидци, 1870–1876. Т. 1–3. 1884–1892. (с предг. од Александар Балабанов 1928, 1939, 1940; с предг. од Л. Стоянов 1948, 1949, 1957; с предг, од П. Пондев 1962; с предг. од В. Андреев 1956, 1967, 1975, 1976, 1977, 1986, 1987, 1988.)
- Заробването на Гаврил паша, 6 септември 1885 г. 1885
- Черти из живота и списателската деятелност на Любен С. Каравелов. Реч. 1885
- Четите в България на Филип Тотя, Хаджи Димитър и Стефан Караджата. 1867-1868. Пловдив, 1885
- Какво направихме в Търново? Отчет към моите избиратели в Пловдив, Котел и околиите. 1886
- Кои са виновниците на 9 август?, 1886
- Коронованите нихилиста в България. 1886
- Не му беше времето. (Отговор на брошурата „Недоразумението между българското и руското правителства“). 1886
- Чардафон Велики. 1887
- Христо Ботйов. Опит за биография. 1888
- Априлското въстание. Из „Записки по българските въстания“.; 1942,
- Неиздадени съчинения. Увод. ред., бел. од А. Емануилов. 1943
- Съчинения. В 3 т. Ред. Ал. Бурмов и др. 1965–1966 (1983)
- Непознати страници. Материали от личния архив на писателя. Съст., бел. Й. Палежев, 1981
- Социализмът в България - чужди и горчиви ягоди