Милан Делчев

македонски револуционер

Милан Делчев ( 1883 во Кукуш, Егејска Македонија2 јуни 1903 во Неманци, Кукушко, Егејска Македонија)[1]македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација .[2][3]

Милан Делчев
Роден 1883 година
Кукуш, Егејска Македонија, денес Грција
Починал 2 јуни 1903 година
Неманци, Егејска Македонија, денес Грција
Националност Македонец
Татко Никола Делчев
Мајка Султана Делчева
Роднини Руша Делчева, Гоце Делчев, Димитар Делчев и Христо Делчев.

Животопис

уреди
 
Споменикот „Паднати за слободата на Македонија“ во Ќустендил со името на Делчев (20-и во втората колона).

Милан Делчев е роден 1883 година во Кукуш, тогаш во Отоманското Царство. Се родил како трет син на Никола Делчев и Султан Делчев, а негови браќа се Гоце, Димитар и Христо Делчев.[4]

Милан Делчев на 18 години станал четник при војводата Крсто Асенов во 1901 година.[1] На 20 јуни 1903 година,[5] за време на Илинденското востание, аскерот ја опколил четата, по што комитите се поделиле во групи по дваца-тројца. Милан останал само со еден другар. Неколку дена се криеле во селото, а потоа едно утро, тргнале накај шумичката над селото. Наишле на голема турска војска, бидејќи не можеле да се вратат назад, ја прифатиле борбата. Милан херојски загинал во нерамноправната битка. Три дена никој не знаел за безживотното тело на Милан. Четвртиот ден решително селаните, ризикувајќи ги своите животи, формирајќи процесија го погребале. Самата шума ја нарекле Милан-Делчева шума. Никола и Султана Делчеви за само две години загубиле три сина: Гоце, Милан и Мицо.[1][6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 151. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Дино Кьосев, „Гоце Делчев, Писма и други материали“
  3. Енциклопедия България, том 2, Издателство на БАН, София, 1981.
  4. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 151. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  5. Ванчо Ѓорѓиев „Слобода или Смрт: македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година“, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет, 2003.
  6. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 447–448. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)

Литература

уреди