Главен инспектор на Четничкиот институт
Главен инспектор на Четничкиот институт, главен инспектор или врховен инспектор [1] на четите била титула на Гоце Делчев, основачот на Четничкиот институт и истовремено творецот на првите организациско-агитациони чети и и воспитувачот на првите војводи [2]. Делчев имал најголем авторитет, од сите револуционерни дејци, сред воените сили на Македонската револуционерна организација. Во негова надлежнност било поставувањето или сменувањето на војводите, секретарите или четниците. Делчев како главен инспектор имал право да го разгледува поведението на војводите или чениците, и да одлучи по нивното дело ако се утврди вина.
Сите чети на Македонската револуционерна организација биле должни да ги извршуваат неговите наредби, односно упатства. Делчев преземал поголеми обиколки низ Македонија во текот на кој постојани ги насочувал, зацврстувал и разгранувал четите, а воедно и Четничкиот институт.
По смрта на Гоце Делчев, не постоела личност која имала толку голем авторитет сред војводите и четниците, како срцето на револуционерна Македонија, за да може да го наметене своето влијание меѓу нив, отука должноста главен инспектор на четите замрела бидејќи немало кој да го наследи Делчев.
Извори
уреди- ↑ Македонска енциклопедија
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје, 2003