Погранични пунктови на Македонската револуционерна организација

Пограничните пунктови на Македонската револуционерна организација се наоѓале во пограничните градови и села во Бугарското кнежевство кои гравитирале кон Османлиското Царство. Преку овие пунктови се префрлало оружје, муниција и друга воена опрема, литература, се собирале доброволци и се формирале чети за внатрешноста на Македонија и Одринско. Првите пунктови биле организирани од страна на Гоце Делчев во Ќустендил и Дупница во текот на 1895 и 1896 година [1][2][3].

Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет
Гоце Делчев

Во прво време по каналите се добивале весници и книги, подоцна револвери, ками и бомби, а најпосле пушки и патрони. За подготвување на овие канали, Гоце Делчев неколкупати одел тајно во Кочани и Виница, како и во некои други села по патот на каналите.

Гоце Делчев ги формирал пунктовите во Ќустендил, Дупница и во некои погранични села околу, уште додека бил во Штип, како легален работник. Гоце како задграничен претставник во Софија, ја проширил мрежата по целата гранична линија. Во текот на 1896 година во Виница, Гоце имал средба со Ефрем Чучков и Глигор Атанасов. Во присуство на Георги Иванов-Винички почнале подготовките на првиот организиран канал: Ветра (Ќустендилско), Ќустендил, Илково, во Калиманско Поле и Виница. Мрежата се ширела и стигнала до Скопско и во други правци, под влијание на Штип. Делчев пред сите други ги обиколил Струмичко по пат за Солун каде ја посоветувал струмичката организација како да ја води работата околу каналот.

Пунктовите и луѓето во нив се сметале за организциски независни, но во текот на целото време тие останале главно под лично влијание на Гоце Делчев, затоа што луѓето биле од него одбрани и нему му биле призврзани. Во разни градови во Бугарија, Македонската револуционерна организација имал свој луѓе, а во пограничните градови и во понекое село каде што биле формирани пунктовите имало луѓе кои се зафатиле да и служат на Организацијата. Групи од такви луѓе по пунктовите, како посредници или курири, извршувале огромна работа за предавање во Македонија, помошта која доаѓала од Бугарија. Значењето на тие пунктови не се ограничувале само на просто посредништво, тие биле душата на комитетите во пограничните места.

Пренос на оружје во внатрешноста на Македонија. Меѓу четниците се Никола Жежов (седи во средината, трет од лево кон десно со пушка во левата рака, до него седнал со пушка во десната рака Андреј Христов, а Кољо Сарафчето е најдесно.

Луѓето кои не ја познавале одблиску револуционерната дејност на Организацијата, не можеле да си објаснат како е можно да се пренесува толкаво количество на материјали (околу 10 000 пушки, неколку илјади бомби и др.) и да минуваат толку чети, и тоа честопати безопасно, и покрај засилената турска контрола и безбедност. Според Ѓорче Петров, објаснувањето било во добрата организација на куририте и пунктовите. Тие прости луѓе со огромна вештина, не признавале препреки на патот и ги заобиколувале пречките и врвовите без да запрат, а во секое време тие се ориентирале во условите на движењето со голема точност. Курите ја знаеле секоја точка во своите реони, се движеле ноќно време и речиси секогаш стигнувале на определената точка во точното време. Улогата на куририте не се ограничувала само на нивните поштенски задачи. Тие биле дена рака на пунктовите и биле душата на нивната работа [4].

Тешкотијата на задачите се состоела во тоа што куририте морале да водат истовремена сметка за сигурноста на материјалите и за спасувањето на животите на многуте четници и бегалци кои ги префрлале преку границата. Сето тоа лежело на нивниот грб. Пред да се засилат четите и Четничкиот институт, тие биле единствените вооружени луѓе на кои им се давале најсложените задачи, вклучително и обезбедувањето на превовот на оружјето. Сите тие биле познаници на Гоце Делчев, тие биле негово дело и негови пријатели. Меѓу нив биле: Васил (Васе) Тупарлијата од Малешевско, долгогодишен организациски работник, Ангел Винички кој загинал во 1902 година како четник, Станоја од едно паланечко село, убиен на мртава стража во текот на 1897 година како курир кога префрлал оружје, Коле Сарафчето од село Саса, Глигор Крстевски од Будимирци, неговите пријатели го викале Ѕверката, Стојан од село Лешница (Пијанечко) и др.

Ќустендилски пунктови началници

уреди

Други пунктовни началници

уреди

Извори

уреди
  1. Георгиев, Георги. "Още по въпроса за създаването и дейността на пограничните пунктове на ВМОРО в Дупнишко 1896-1897 г." - Македонски преглед, кн. 2, София, 1999, стр. 67-80.
  2. Джонев, Ангел. "Създаване и първоначална дейност на пограничния пункт на ВМОРО (1895-1897)." - Кюстендилският край в национално освободителните борби в Македония 1878-1912 г., Кюстендил, 1999, 47-63.
  3. Стойнева, Василка. "Към въпроса за Марко Секулички и Кюстендилския пограничен пункт 1902-1905 г." - 100 години от Рилския конгрес на ВМОРО – История и съвременност, Кюстендил, 2006, 213-220.
  4. Ѓорче Петров, Беседа за Гоце, Култура, 2003