Никола Димитров Делчев (28 април 1844 - 6 март 1920) — македонски општественик од Кукуш и татко на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Женет со Султана од с. Морарци, Кукушко, имал 5 ќерки: Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена, и 4 сина: Гоце (Ѓорѓи), Мицо (Димитар), Милан и Христо.

Никола Делчев
Роден 28 април 1844
Кукуш, Егејска Македонија
Починал 6 март 1920
Горна Џумаја, Пиринска Македонија
Никола Делчев на стари години

Животопис

уреди

Никола Делчев бил меанџија. Покрај куќата, поседувал дуќан, околу шест декари лозје, од кои сам правел вино и ракија, како и околу осум декари ниви близу до Кукуш. Никола држел крчма на житниот пазар во Кукуш, а на пазарниот ден (четврток) станувал и гостилничар. Водел трговија со жито и имал мандра од неколку стотина овци (околу 600-700).

Гоце Имов, пријател на Гоце Делчев, во своите Спомени [1], истакнал дека неговиот татко и таткото на Гоце се занимавале со трговија на овци, кои ги купувале напролет и ги продавале есента кај трговци дојдени од Цариград или Анадолија. Кога немало трговци на жива стока, неа ја колеле и ја солеле за пастрма, а потоа ја испраќале за Драма, Кавала, Сер и Солун.

Бил активен во општествениот живот на Кукуш.

По Балканските војни емигрирал во градот Горна Џумаја, Пиринска Македонија.[2] Бугарската држава му дала на Никола Делчев народна пензија за заслугите на неговите синови за слободата на Македонија.[3]

Никола бил строг и правичен, оттаму неговиот патријархален однос не создал инфериорни личности од неговите деца. Напротив, сите тие израснале во самосвесни и слободољубиви поединци.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Гоце Имов, Един спомен за Гоце Делчев, Гоцев лист I/1, 1933
  2. Христо Андонов–Полјански, Гоце Делчев и неговото време, 1–6, Скопје, 1972
  3. Гоце Делчев: спомени, документи, материали, Любомир Панайотов, Христо Христов, Институт за история, БАН, Наука и изкуство, 1978, стр. 271.
  4. Христо Андонов - Полјански, Гоце Делчев и неговото време, Култура, Скопје, 1978