Рајко Жинзифов

македонски поет

Рајко Жинзифов, роден како Ксенофонт Ѕинѕифи (влашки: Xenofont Dzindzifi; Велес, 15 февруари 1839 - 15 февруари 1877, Москва) — познат македонски преродбеник од влашко потекло и дводомен писател и поет. Бил сестран деец — публицист, преведувач и собирач на народно творештво.

Рајко Жинзифов
Роден 15 февруари 1839
Велес, Османлиска империја
(денес Македонија)
Починал 1877
Москва, Руска Империја

Животопис

уреди

Роден во Велес во влашко-гркоманско семејство по потекло од Москополе (јужна Албанија), а доселено во Велес од Битола. Татко му Јоан Ѕинѕифи имал завршено медицински факултет во Атина, но работел како грчки фанариотски учител во Велес. Во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител на Димитар Миладинов. Работата како учител подоцна ја продолжил во градот Кукуш, каде тој и Димитар Миладинов развиле голема преродбенска дејност. Подоцна заминал за Русија и се запишал на Историско-филозофскиот факултет во Москва. Таму се движел во кругот на македонските студенти и, покрај учењето, се занимавал и со писателска, преведувачка и публицистичка дејност.

Во Русија заштита му пружил Константин Миладинов, кој му го запознал со руската атмосфера. Осумнаесетте последни години од својот живот, Жинзифов ги поминал во борба со немаштијата како емигрант во Русија. Неговото познанство со браќата Миладиновци резултирало со пишување на нивната биографија. Уште во московскиот седмичник „Ден“, во броевите од 17 ноември до 1 декември 1862 година, под псевдонимот „Велешанин“, тој ги објавил своите сеќавања за браќата Миладинови, во форма на впечатоци и спомени од личните контакти.[1] Во Москва, во 1863 година ја издал својата прва и единствена стихозбирка која содржи негови песни, како и препеви од руски, украински и чешки јазик. По завршувањето на универзитетот, се вработил како професор по старогрчки јазик во една од московските гимназии. Исто така, продолжил со книжевната дејност, но главно со превод и публицистика, а соработувал и со руски, словенофилски и бугарски списанија од Цариград.

Творештво

уреди
 
Крвава кошула, Браила,1870

Жинзифов пишувал песни од кои посебно се значајни „Глас“ и „На Велигден“. Тој ја напишал и поемата „Крвава кошула“, издадена во 1870 во Браила, Романија на македонски јазик. Современиците на Жинзифов сметаат дека оваа поема ја напишал уште во Македонија, некаде во 1857 година. Во поемата се осудува турската тиранија и се опишува неподносливиот живот на нашите луѓе под турско ропство.[2] Пишувана под силно влијание на украинските песни на Тарас Шевченко, поемата „Крвава кошула“ опишува вистинска случка за една мајка која, откако Турците ѝ го убиле единствениот син, ја донела неговата крвава кошула в град за да му ја покаже на народот во црковниот двор.

Во 1867 година, Жинзифов ја објавил мистификацијата на Стефан Верковиќ и Теодосиј Гологанов на руски јазик.

Тој, исто така, го напишал и првиот расказ во македоснката литература: „На Прошедба“.

Рајко Жинзифов бил соработник на весниците: „Дунавска зора“, „Македонија“, „Слобода“, „Бугарска пчела“, „Век“ и „Време“, како и на списанијата: „Читалиште“, „Периодическо списание“, „Бугарски книжици“ и др.[3][4][5][6][7].

Библиографија

уреди
 

Поеми

уреди

Стихотворби

уреди

Раскази

уреди

Значење и влијание

уреди

Во чест на овој македонски преродбеник, Блаже Конески ја напишал поемата „Средба со Жинзифов“.[8][9]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Гане Тодоровски, „Македонската книжевност во 19 век“, Скопје, 1990, стр. 35.
  2. Александар Спасов, Поезијата на Рајко Жинзифов, „Трудови“, год. 1, бр. 1-2, Скопје, 1960 г.
  3. Жинзифов, Р., Крвава кошула, 1870
  4. Жинзифов, Р., Гулаб
  5. Жинзифов, Р., Питање и одговор
  6. Жинзифов, Р., Гусљар в собор
  7. Жинзифов, Р., Вдовица
  8. Блаже Конески, Стерна. Скопје: Мисла, 1966, стр. 15-17.
  9. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 130-138.