Дело. Независен Македоно-одрински лист (стар правопис: Дѣло. Независимъ Македоно-Одрински Листъ) излегувал во Софија во периодот од 31 декември 1901 до 28 јули 1902 година. Тој е неделен весник, во почетокот се декларирал како независен македоно-одрински лист, од 13 број како бранител на македоно-одринските интереси со што станал неофицијален орган на Македонската револуционерна организација.

Дело
Насловна страница
УредникПејо Јаворов
Основан31 декември 1901
ЈазикБугарски
Престанал28 јули 1902
СедиштеСофија

Уредници

уреди

Главен уредник бил бугарскиот поет и македонски револуционер Пејо Јаворов, а како уредници се јавуваат: Александар Георгиев и Никола Харлаков

Дејност

уреди

Неофициален орган на Организацијата

уреди

Весникот бил печатен во печатницата на Ив. К. Чучев и К. Боцинов, а биле објавени вкупно 25 броја.

Самите содржини на весникот ги претставувале интересите на Организацијата, во периодот кога весникот излегувал доаѓа до отворен судир помеѓу Организацијата и Врховниот македонски комитет така што дел од неговите содржини биле насочени против врховистите, се дискутирало Македонското прашање и на кој начин тоа де се реши дали преку автономна или независна Македонија.

Според уредникот Никола Харлаков преку овој весник се изградувале:

... основите на идеологијата на левицата во македонското револуционерно движење

Дело како весник кој бил печатен и излегувал во Бугарија имал големо влијани врз македонска емиграција.

Бугарската историографија е на стојалиште дека весникот ја заштитувал идејата за автономија на Македонија и дека постепено еволуирал кон ставот за создавање на македонска независна држава, што според погледите на бугарските историчари било опасно и се предизвикувал политички сепаратизам што можел да доведе до распарчување на единствената бугарска нација [1][2]

Извори

уреди
  1. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 259.
  2. Треба да се има предвид дека најголемиот дел од бугарските историчари ја негираат посебноста на македонскиот народ на културе, етнички, историски, јазичен и духовен план

Литертура

уреди
  • д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945) Скопје, 1980
  • д-р Боро Мокров - м-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993