ІІІ македонски конгрес

Третиот македонски конгрес на македонските друштва се одржал во ноември 1896 година во Софија.

Дел од темата
Македонски комитет
Печат на Македонскиот комитет

Заседание и работа

уреди

Овој Конгрес минал под вилание на ІІ македонски конгрес кога дошло до поделба помеѓу офицерите и комитетот. Сето тоа влијаело врз работата на конгресот и бројот на делегатите. Притоа конгресот, причините за поделбата и опаѓањето на ВМК (Врховен македонско-одрински комитет) го виделе во:

Недостојното поведение, кое владата на Бугарија го држи по македонското прашање [1]

Конгресот констаирал дека дипломатската активност е исцрпена, а револуционерната и организациката дејност не го дале посакуваниот упех. Коста Шахов причината за неуспехот на ВМК го гледал во самиот комитет.

Решенија

уреди

Конгресот решил да испрати делегација кај бугарскиот премиер Константин Стoилов за да го дознае неговиот став во однос на македонското прашање но делегацијата не била примена. Составот на овој комитет ја немал поддршката на владата.[2]

Македонската маладина во Софија испратила барање до конгресот да биде избрано раковотство кое ќе стави крај на поделбите и расправиите.

На овој конгрес повторно за претседател бил избран генералот Данаил Николаев, а во новиот комитет влегле: потпредседател Јосиф Ковачев, касиер П.Урумов (тој не ја прифатил должноста касиер, а на негово место бил кооптиран Христо Станишев), секретар Димитар Љапов.[3]

Извори

уреди
  1. К. Пандев, националноослободителното дело во Бугарија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979, 151.
  2. К. Пандев, националноослободителното дело во Бугарија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979, 155.
  3. К. Пандев, националноослободителното дело во Бугарија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979, 156-157