Александар Евтимов

Александар Евтимов — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и ВМРО.

Александар Евтимов
Роден 1874
Битола, Македонија
Починал 1939
Софија, Бугарија

Животопис уреди

Александар Евтимов е роден 1874 година во Битола, тогаш во Отоманското Царство. Завршил средно образование и бил назначен за учител во селото Буф во 1895 година. Паралелно разврзал револуционерна дејност во реонот под маската на учителството. Подоцна бил избран за раководител на Леринскиот револуционерен комитет. Од 1899 година учителствал во Битола, каде што е избран за член на месниот градски комитет, а во 1900 година влегол во Битолскиот окружниот комитет на Организацијата. Раководител е и на училишниот кружок во Битолската машка гимназија, од која излегле дејци на организацијата, како Христо Силјанов, Лазар Москов, Илија Талев и други.

На 1 април 1903 година заминал во илегала и како горски началник на Буфскиот реон земал активно учество во Илинденското востание и дејствувал во Буфско и Горна Преспа. Од 1908 година е член на окружниот револуционерен комитет во Битола до апсење во текот на 1910 година. Осуден е на смрт, но подоцна пресудата му е заменета со доживотно прогонство.

Во 1912 година побегнал заедно со Георги Поп Христов и Васил Клисаров од Крушево и се населил во Бугарија, потоа учествувал во Балканската војна со својот чета, учствувал во заземањето на Битола. По Првата светска војна останал да живее во Бугарија, а бил наклонет кон левицата во Внатрешната македонска револуционерна организација [1][2][3][4].

Во 1926 година ја раководел Разузнувачката организација на ВМРО за Битолската околија[5].

Извори уреди

  1. Енциклопедия „България“, том 2, Издателство на БАН, София, 1984, стр. 513.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 55.
  3. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 97 - 98.
  4. Електронна енциклопедия „История на България“, ИК Труд, Сирма, 2003.
  5. Спомени на Георги Попхристов