Константин Величков

Константин Величков роден како Константин Величков Петков (1855, Татар ПазарџикГренобл, 16 ноември 1907) — истакнат русофилски[1][2] писател и општественик од Бугарија.[3] Учесник во преродбата на Бугарија и во русофилското Априлско востание. Низ неговиот живот се борел за руски интереси, заради тоа во време на владата на Стамболов, којшто бил истакнат русофобиски политичар, Величков побегнал од држава и си ги потрошил последните години ви Франција.[4]

Константин Величков
Роден 1855
Татар Пазарџик, Османска империја
Починал 16 ноември 1907
Гренобл, Франција

Низ неговиот политички живот, бил член во тогашната конзерватина партија во Бугарија како русофил.[5] Заради тоа служел во различни министерства во Бугарија, прво бил министер за образование и наука во 1886 година за три дена,[6] но добил втор мандат помеѓу 1894 и 1897.[6] Пред тоа бил министер за згради, патишта и соопштенија за неколку месеци во 1894. После неговиот втор мандат како министер за образование и наука тој станал министер за трговија и земјоделие.

Животопис

уреди

Бил роден во Пазарџик во 1855 година во мало занaетчиско семејство. Основношколското образование го добил во неговиот роден град додека неговото средношколско образование го продожил во цариградскиот "Гала Сарај" (1868-1874 година). После неговото образование бил професор по различни предмети во неговиот роден град, како француски јазик, историја и географија (1874-1876). Низ овој период станал претседател на читалиштето "Преродба" во Пазарџик. Член бил во револуционерниот комитет во Пазарџик. Заедно со Тодор Каблешков активно учествувал во подготовка на русофилското Априлското востание. Уапсен и осуден на смрт. Неколку месеци билл во затвор, спасен е од европската комисија. Бил писар во Бугарска егзархија (1876-1877).

По Руско-турската војна се вратил во Пазарџик. Избран е за член, а потоа за претседател на Окружниот административен совет во Пазарџик (1878) и народен претставник во Обласното собрание (1879-1885) од Народната партија, бил директор на народна просвета (1884-1885) во Источна Румелија. Изучувал право во Франција (октомври 1880 - август 1881).

За време на Стамболовото владеење заради тогашните обиди од владата на отстранување на различни русофили за да се формирало вештачки бугарски идентитет, Величков спротив него волја се пресели во Фиренца, Италија, како политички емигрант помеѓу 1887 и 1889, каде што изучувал сликарство. Се пресели во Егејска Македонија и станал професор по француски јазик во егзархиските гимназии во Солун (1890-1891) и после во Цариград (1891-1892).Се вратил во Бугарија во почетокот на јуни 1894. Избран за претседател на бирото на Народната партија и за народен претставник во 8. Народно собрание. Бил назначен за министер на јавните згради и комуникации (1894), на народнота просвета (1894-1897), за трговија и земјоделство (1897-1898). Во 1898 се приклонил кон прогресивно-либералната партија. Дипломатски претставник во Белград (1902-1904). Со одлука на владата на Рачо Петров е отповикан од функцијата и предвремено пензиониран. Разочаран од општествено-политичката реалност и со лошо здравје, К Величков повторно емигрира. Умира на пат за Гренобл, по 2 година коските му се пренесени во Софија.

Творештво

уреди
  • Невянка и Светослав, драма, 1874
  • Винчензо и Анджелина, драма, 1882
  • Всеобща история на литературата, 1891
  • Таласъмът, 1893
  • Детска гусла, 1894
  • Писма от Рим, 1895
  • В тъмница, 1899
  • Цариградски сонети, 1899
  • В решителния момент, 1901
  • Добре дошли, 1902
  • Патриарх Евтимий, 1906
  • Чужда литература, 1914
  • Пет имена, 1929
  • Любен Каравелов, 1938
  • Майка, 1943
  • Пълно събрание на съчиненията на Константин Величков, с предговор и под редакцията на Ив. Вазов, в 9 тома, 1911–1915
  • Избрани произведения, в 1 том, 1955
  • Тъги и радости, избрани произведения за деца и юноши, в 1 том, под редакцията на Г. Веселинов, 1957
  • Избрани произведения, в 2 тома, под ред. на Ст. Попвасилев и Ив. Сестримски, 1966
  • Цариградски сонети, В тъмница, Писма от Рим, под ред. на Ив. Сестримски, 1980
  • Съчинения, в 5 тома, редактор Б. Делчев и др., с предговор от Ил. Тодоров, 1986–1987

Наводи

уреди
  1. Балчев, Николај. „Константин Величков, 160 години от рождението му писател, преводач, литературен критик, живописец, политик, общественик“ (PDF). Роден Глас.
  2. Величков, Константин (1977). В тъмница, спомени от 1876 година. Изд-во на БЗНС. стр. 6 и 144.
  3. „Константин Величков“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2012-02-06.
  4. 155 години от рождението на Константин Величков (2010) од Богомил Колев
  5. Narodna prosveta. Dŭrzh. izd-vo "Narodna prosveta". 1957. стр. 50.
  6. 6,0 6,1 Цураков, Ангел (2008). Ентсиклопедия на правителствата, народните събрания и атентатите в България. Труд. стр. 43. ISBN 9789545287909.