Марко Лерински
Георги Иванов Ѓуров (бугарски: Георги Иванов Гюров,), познат како Георги Геројски (бугарски: Георги Геройски), Марко Лерински или Марко војвода (бугарски: Марко войвода), бил офицер и револуционер од Бугарија, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Марко Лерински | ||
Родена | 20 јуни 1862 Котел, денес Бугарија | |
---|---|---|
Починала | 13 јуни 1902 Пателе, Егејска Македонија (ден. Грција) |
Животопис
уредиГеорги Иванов е роден на 20 јуни 1862 година во Котел, тогаш Османлиското Царство. Во 1883 година пристапува на воена служба во Кнежевството Бугарија. Зема учество во Српско-бугарската војна и за пројавената храброст е удостоен со медал и повисок чин. Неговите другари заради тоа го нарекуваат Геројски. Во 1895 година ја напушта армијата и влегува во редовите на Врховниот македоно-одрински комитет и зема учество во Мелничкото востание од 1895 година и опожарувањето на Доспат. По неуспехот на акцијата се враќа во армијата како подофицер.
Во ТМОРО
уредиВо 1900 година се поврзува со Гоце Делчев и Ѓорче Петров, кои го привлекуваат во ВМОРО и го испраќаат како војвода во Леринско, каде го зема псевдонимот Марко. Во истот време во Македонија влегуваат и Христо Чернопеев, Атанас Бабата, Михаил Апостолов – Попето. Благодарение на воената подготовка на Марко војвода и на неговите организациони способности, неговата чета станува училиште за подготовка на четници и војводи за целата револуционерна организација.[1] Марко го претвора Леринско во:
„ | ..еден реон кој е пример во секој однос. Работници ентузијасти, стегнати организации, дисциплинирана чета и во полната смисла на зборот агитационо-организаторска. Сето тоа беше дело на котленецот Марко.. [2] | “ |
Марко Лерински е првиот кој предложува да се подигне сеопшто востание во Македонија и Одринско.[3] Војводата дејствува во Костурско, Воденско, Леринско и Битолско со Гоце Делчев, Пандо Кљашев, Васил Чекаларов и Лазар Поп Трајков до почетокот на 1902 година.
„ | Тој ја организира првата чета во Битолскиот округ, во чијашто агитационо-организаторска работа се поведе правилно и паралелно со бојната обука. Арамии како Коте не можеа да ја поднесуваат војничката дисциплина во неговата чета. Но незлонамерните прости луѓе и интелигентните, физички неподготвени и незапознаени со војното искуство, имаше на што да се научат кај Марко. Строг кон себеси, ограничувајќи ги потребите до самоизмачување, со железна тврдина при поднесување на незгодите, Марко дејствуваше над другите главно преку сопствениот пример. Тој ги научи своите прости другари да се занимаваат до прекумерен умор со обука и им ја насочи амбицијата да ги обучуваат од нивна страна селаните, особено младите, потполнувајќи го со содржина нивното празно време по селата и во планината. Дури неговото источно наречје, во кое тој не внесуваше ниту еден локален збор, направи влијание над необразуваните четници и побистрите селани. Кај таков издигнат и искусен началник не беше тешко за учителите да ја поднесуваат положбата на прости четници и да ги добијат за кратко време најнеопходните познавања и пракса, за да можат и самите да командуваат чети. Многумина костурски четници ги добија од Марко првите вежби со пушка. Под Марковото влијание се прероди и Митре Влаот, кој веќе го познаваат нашите читатели. Дине Кљусов, подоцнежен војвода, Печо Настев, гимназијалец, војвода за време на востанието, Кице и Дине Абдураманов се најблиските воспитаници на Марко од Леринско. Кај Марко се учеа и учителите Методи Патчев од Охрид, Славко Арсов од Штип, како и писателот (Христо Силјанов) [4] | “ |
По предавството на локални гркомани, Марко војводата загинува во борба со турски војски во леринското село Пателе (денеска Агиос Пантелејмонас, Грција) на 13 јуни 1902 година. На местото на Марко се поставени војводите потпоручник Георги Папанчев и Дине Кљусов.
Опеан во народното творештво
уредиМарко Лерински и покрај тоа што не бил родум од Македонија, оставил силна трага меѓу македонското население поради неговата искрена намера за слободата на тој народ.
Песна за Марко Лерински
уредиДенеска петок, сабота,
утре е света недела.
Марко војвода пристигна
во това село Пателе.
Проклети биле чпиони,
Марко војвода предадоа.
Надојдоа турски табори,
Марко војвода сардисаа.
Зафати битка голема,
Марко војвода загина.
Проклети биле чпиони,
Марко шчо го предадоа.
Извори
уредиЕнциклопеција “Бугарија”, том 4, Издаваштво на Бугарската академија на науките, Софија 1984
Белешки
уреди- ↑ Христо Силјанов, “Ослободителните борби на Македонија”, том 1, Софија, 1993, стр. 99
- ↑ Христо Силјанов, “Ослободителните борби на Македонија”, том 1, Софија, 1993, стр. 133
- ↑ Атанас Лозанчев, “Зошто бев за востание”
- ↑ Христо Силјанов, “Ослободителните борби на Македонија”, том 1, Софија, 1993, стр. 136