29 ноември
датум
<< | ноември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
2024 |
29 ноември — 333-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (334-и во престапна година). Остануваат 32 денови до крајот на годината.
Настани:
1913 | Во Париз основан Меѓународниот мечувалски сојуз (ФИЕ). |
1926 | Во Тетово е пуштена во редовна работа ХЕЦ „Пена“ — прв хидроенергетски објект во Македонија (дотогаш сите биле на јаглен). Изградена е во периодот од 1924 до септември 1926 година. Инвеститор било Тетовското индустриско акционерско друштво основано на иницијатива на Г-дин Михајлович, руски емигрант кој живееел во Тетово. |
1943 | Во Јајце започнува Второто заседание на АВНОЈ. Истиот ден на заседанието Јосип Броз Тито е прогласен за Маршал на Југославија. |
1947 | Генералното собрание на Обединетите нации донесува резолуција за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел. |
1958 | Скопје и некои други градови од Македонија добиваат добар прием на италијанската телевизија. |
1962 | Велика Британија и Франција потпишуваат спогодба за изработка на надзвучен авион од типот „Конкорд“. |
1973 | Во Маврови Анови е формирано Здружението на радиостаниците во Република Македонија. |
Родени:
1797 | Гаетано Доницети — италијански оперски композитор. |
1856 | Георги Плеханов — руски револуционер. |
1925 | Ернст Хапел — австриски фудбалер и тренер. |
1927 | Ѓуро Седер — хрватски сликар. |
1932 | Жак Ширак — претседател на Франција. |
1946 | Вук Драшковиќ — српски писател и политичар. |
1951 | Мирче Нешовски — македонски поет. |
1959 | Мауро Равниќ — хрватски и југословенски фудбалски голман и тренер. |
1964 | Мајк Матијевич — хрватски музичар. |
1969 | Томас Бролин — шведски фудбалер. |
1969 | Кејси Келер — американски фудбалски голман. |
1973 | Рајан Гигс — велшки фудбалер. |
1983 | Јаухен Хутарович — белоруски велосипедист. |
1991 | Ибрахим Сисоко — фудбалер од Брегот на Слоновата Коска. |
2002 | Јунус Муса — американски фудбалер. |
Починале:
741 | Грегориј III — римски папа. |
1268 | Климент IV — римски папа. |
1314 | Филип IV Убавиот — крал на Франција. |
1543 | Ханс Холбајн Помладиот — познат германски раноренесансен сликар. |
1634 | Клаудио Монтеверди — италијански композитор на преодот од ренесансата кон барокот. |
1916 | Воин Поповиќ-Вук — војвода на Српскиот комитет на четничката акција. |
1924 | Џакомо Пучини — италијански оперски композитор. |
1986 | Кери Грант — англиско-американски глумец. |
1989 | Зухо Џумхур — босански и југословенски писател и сликар. |
1998 | Живојин Павловиќ — српски и југословенски режисер и писател. |
2001 | Џорџ Харисон — британски поп-рок музичар, член на Битлси. |
2010 | Бела Ахмадулина — руска и советска поетеса. |
2020 | Миша Алексиќ — српски рок-музичар, член на групата Рибља чорба. |
2023 | Хенри Кисинџер — американски политичар и дипломат. |
Празници:
* | Ден на Републиката во поранешна СФРЈ во спомен на прогласувањето на федералното уредување на Југославија на уставотворното собрание 1943 година, Второто заседание на АВНОЈ. Со распадот на СФРЈ се престанало со одбележување на овој ден во сите републики на поранешна Југославија освен во Србија каде останал како празник во Сојузна Република Југославија сè до 2002 година. |