VІІ македонски конгрес
Седмиот македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија со својата работа започнал на 30 јули и заседавал до 5 август 1900 година.
Дел од темата „Македонски комитет“ |
---|
Основачи
|
Ментори
|
Противници
|
Сојузник
|
Конгреси
|
Востанија
|
Органи
|
Фракции
|
Поврзано
|
Делегати и работа
уредиНа овој когрес присуствувале 91 делегат, а меѓу нив биле и Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Седмиот конгрес констатирал дека причините за недоразбирање помеѓу ТМОРО и Врховниот Македонски Комитет (Врховен македонско-одрински комитет) лежат во:
„ | различноста на програмите и во духот на дејците[1] | “ |
Од една страна бил ВМК, кои се залагал првенстевено за дипломатија, и неговата програма повеќе наликувала како да произлегува од:
„ | некави државни задачи на Бугарија, и се става не само во унисон туку и во зависност од неа[1] | “ |
Решенија
уредиНа седмиот конгрес била покрената расправа со цел за да се дојде до согласие во програмите на двете организации и биле донесени следните начела:
1. Македонското движење по својата природа е масовно.
2. Тоа не е и не може да биде дело на политиканти дипломати.
3. Автономијата на Македонија не треба да се поврзува со таа на кнежевството поради некакви идни комбинации.[2]
Врз овие начела кои биле прифатени од конгресот дошло до промена на уставо - статутарните акти на ВМК. Со новиот устав организацијата го менува своето име во Врховен Македонско - Одрински Комитет.
„ | Меѓутоа VІІ македонски конгрес само ги ублажил , но не ги остранил противречностите ... Напротив. Тие се продлабочиле и усложниле [3] | “ |