Иванчовата афера од 1901 година е провала во организациската мрежа на Македонската револуционерна организација, аферата била проследена со откритијата и апсења од страна на османлиските власти.

Македонска револуционерна
организација (МРО)
Печат на Македонскиот комитет

Иванчовата афера избила во Костурско како резултат на предавството на поранешниот четник на Коте Христов Иванчо Кичевецот. Тој ивршил убиства на сопствена иницијатива, за да не биде суден од Организацијата преминал во Грција, каде се обидел да формира сопстевна чета. Ги предал тајните на ВМОРО пред турскиот конзул во Лариса и влегува со одделение од 100 турски војници во Костурско под името Осман Чауш.

Иванчо излажал дека неговите самоволни убистав се дело на револуционерната организација [1]. Во јули 1901 година, со однапред подготвени списоци османлиските власти уапсиле и измачувале околу 100 дејци на ВМОРО од селата Д’мбени, Косинец, Смрдеш, Кономлади, Брезница, Загоричани и други. Власта извршила претреси во кои е конфискуван голем дел од оружјето на организацијата [2].

Меѓу уапсените се Лазар Поп Трајков, Павел Христов, Кузо Стефов, Лазар Москов и Филип Георгиев, по нивното апсење, Пандо Кљашев започнал со возобновување на револуционерната дејност [3]..

Аферата ја влошила положбата на македонското население во Костурско и придонесува за радикализација на неговите методите за продолжување на борбата. На јануари 1903 година се одржал Солунскиот конгрес, на кој била донесена одлука за оружено востание, делегатите од Костурско се едни од најжестоките приврзаници за востание.

Извори

уреди
  1. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 152.
  2. Куманов, Милен. Македония. Кратък исторически справочник, София, 1993, стр. 107.
  3. Спомени на Георги Попхристов