Колбас
Колбас — цилиндричен месен производ, кој обично се произведува од мелено месо (свинско, говедско или телешко месо), зачинето и обвиткано во кожа. Колбасите најчесто се обликувани во посебен процес на обвиткување со кожа, којашто е изработена од животински црева или синтетички материјал. Неготвените колбаси може да се приготват на повеќе начини, како што се пржење во тава, варење и готвење на скара. Некои колбаси се готват уште во процесот на нивното производство, при што понекогаш се отстранува кожата во која се обвиткани.
Производството на колбаси претставува традиционална техника на конзервација на храна. Тие може да бидат конзервирани преку стврднување, сушење (често заедно со ферментирање), чадење или замрзнување. Некои стврднати и чадени колбаси се складираат без замрзнување, но најголемиот број свежи колбаси се складираат замрзнати и како такви се чуваат сè до нивното готвење.
Постојат повеќе национални и регионални видови на колбаси кои се разликуваат според состојките со кои се зачинети (пр. лук, црн пипер, вино итн.), месото од кое се приготвени, како и начинот на подготовка.
Галерија
уреди-
Колбаси
-
Чадење колбаси и свинско месо
-
Вешалица и домашен колбас
-
Плескавица и домашен колбас
-
Домашни колбаси, компири и салата од марула и ротквички
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Wiglaf Droste, Vincent Klink, Nikolaus Heidelbach: Wurst. DuMont, Köln 2006, ISBN 3-8321-7992-5.
- Johannes J. Arens: Chorizo, Salame und deutsche Zervelat. Europas Zukunft und die Wurstkultur. Vergangenheitsverlag, Berlin 2011, ISBN 978-3-86408-029-6.
Надворешни врски
уреди„Колбас“ на Ризницата ? |
- Колбас на Curlie (англиски)
- The British Sausage — Друштво за англиски појадок