Димитар Димески (Прилеп, 28 септември 1940 - Велес, 7 јули 2004) — историчар, редовен професор на Филозофскиот факултет – Скопје [1].

Животопис

уреди

Основно и средно образование завршил во Прилеп. Дипломирал на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во 1964 година. Од 1966 година станал асистент на Филозофскиот факултет. Докторирал во 1979 година, бил избран за доцент, вонреден професор во 1985 година и редовен професор во 1990 година.

Ја проучувал историјата на македонското револуционерно ослободително движење од Илинденскиот период. Објавил над 200 библиографски единици. Автор е на 10 монографии. Бил раководител на Институтот за историја и на Советот на постдипломски студии. Член е и претседател на повеќе редакции на научни списанија и зборници. Дописен член на ДНУ во Битола (1983) и ДНУ во Прилеп (1984).

 
Корица на книгата Гоце Делчев од Димитар Димески

На 100 годишнината од смрта на Гоце Делчев, Димески објавил јубилејна монографија за овој великан на македонското револуционерно движење. Во текот на текот на презентацијата на оваа дело Димески истакнал:

Делото што Гоце Делчев го остави на генерациите, македонскиот народ го прегрна како свое културно наследство. На денешен ден - понеделник, пред сто години и еден ден, загина големото чедо на овој достоинствен народ. Денеска, едновековната дистанца дозволува да се објективизира животот и делото на Гоце Делчев. Ние мора да ја истакнеме неговата етичност и едукативност и што повеќе да ги доближиме до вистината неговиот живот и дело [2]

Научни трудови

уреди
  • Македонското национално-ослободително движење во Битолскиот вилает (1893–1903), Скопје, 1981
  • Аферите во Битолскиот вилает (1893–1903), Скопје, 1993
  • Гоце Делчев, Скопје, 1994
  • Гоце Делчев, Јубилејно издание 100 години од смрта на Гоце Делчев (1903-2003), Матица македонска, Институт за историја - Филозофски факултет Скопје, 2003 и др.

Поврзано

уреди

Извори

уреди
  1. Ванчо Ѓорѓиев, Димитар Димески (ин мемориам), Историја, бр.1–2, Скопје, 2004.
  2. „Дистанцата дозволува да се објективизира делото на Делчев“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-12-16.