Харалампие Луков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет и бугарски офицер.

Подпоручик Јордан Венедиков (1), поручик Петар Начев (2), подпоручик Борис Сарафов (3), поручик Харалампие Луков (4), поручик Васил Мутафов (5), поручик Стојчо Гаруфалов (6).

Животопис

уреди

Луков е роден во градот Сливен на 11 октомври 1868 година, Во 1889 година завршува Военото училиште во Софија со чин подпоручик. Луков е меѓу првите бугарски офицери кои се вклучуваат во активностите на, создаден во 1894 година, Македонски комитет. Во 1895 година за време на Мелничкото востание, поручникот Луков е назначен за командант на чета, која треба да дејствува во Малешевско. По неколку борби со турските сили на поручникот Луков се повлекува преку Горноџумајско кон Бугарија.

Следната 1896 година поручникот Луков и поручникот Стојчо Гаруфалов организираат чета, која влегла во Одринско, за да ги испита можностите за започнување на организирана револуционерна борба.

Поручникот Луков одржува контакти и со ерменските револуционери во Цариград, кои снабдува со бомби и динамит.

Во 1897 година поручникот Хараламби Луков се враќа на редовна воена служба во бугарската армија, но продолжува да учествува во работата на Врховниот комитет [1][2].

Извори

уреди
  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 94.
  2. Биография на сайта на ВМРО.[мртва врска]