Македонска социјалистичка група
Македонска социјалистичка група, Македонско-одринска социјалдемократска група или Македонски револуционерен социјалдемократски сојуз е регионална фракција на членовите на Бугарската работничка социјалдемократска партија, подоцна на Бугарската работничка социјалдемократска партија (тесни социјалисти) .
Во 1894 година според упатствата дадени од Димитар Благоев, Васил Главинов во Велес ја формира првата социјалистичка група во Македонија. Во 1896 година Главинов ја создава и самата македонска социјалдемократска група. Во неа членувале: Веле Марков, Никола Русински, Никола Карев, Иван Дренски од Крушево, Димитар Мирасчиев, Андон Шулев, Атанас Раздолов, Стојно Стојнов, Гиго Дандарот, Лазар Главинов, Димо Хаџи Димов и други.
Тие ги издигнале слоганите "Македонија за Македонците", "Ослободувањето на Македонија е работа на Македонците" и слично, тие успеваат да создадат социјалистички дружинки и кружоци во некои градови на Македонија и Одринско.
Го Издаваат весник "Политичка слобода" (1898 - 1899). Ја прифаќаат идејата за вооружено ослободување на Македонија, но ја критикуваат Македонската револуционерна организација за "прекумерна централизација и недоволна идејна еластичност".
Стекнуваат влијание во Битола и Крушево, создаваат своја група во Битолската машка гимназија и свој печат "Социјална револуција". Фракцијата отстварува контакти со Македонската револуционерна организација и учествува на првата социјалистичка конференција на 3 јули 1900 година која се одржала во Крушево.
Не можејќи да создадт масовост, социјалистите донеле одлука за преминување во Македонската револуционерна организација, но под одредени услови: автономија во рамките на Организацијата; слобода на социјалистичката агитација; учество по право на еден нивен претставник во секој окружен комитет на Организацијата. Овие услови биле прифатени само од Битолскиот окружен комитет, а социалистот Никола Карев станува Крушевската реонски војвода и зема активно учество во Илинденското востание.
По Младотурската револуција се создадените услови за легално дејствување, фракцијата ја симпатизира на Народната федеративна партија и создава во Македонија и Одринско социјал-демократски групи и работнички синдикати [1]. Во Солун и Битола од 1909 година започнуваат издавањето на весникот "Работничка искра". Кон крајот на 1910 година во Солун се одржала конференција со цел основање на Отоманска социјалистичка партија, но обидите завршиле со неуспех. По започнувањето на Првата балканска војна членовите на фракцијата се населиле во Софија.