Бургас (бугарски: Бургас) — град во Бугарија, исто така е и општински центар на најголемата по површина (7748,1 км2) област во Бугарија. Тој е четвртиот по големина град во Бугарија со 207.925 жители и важен стопански, културен, административен центар во југоисточна Бугарија. Во него се наоѓа првиот по натовареност аеродром и пристаниште со најголем товарообрт во Бугарија. На територијата на Бургаска област, на неколку километри северно од градот се наоѓа и "Нефтохим" - најголемата хемиска и нафтена рафинерија на Балканскиот Полуостров. Бургас е значаен културен центар, со развиен морски туризам. Многу странски туристи го посетуваат Бургас и околните места со цел - одмор.

Бургас
Бургас
град
Поглед на Бургас
Знаме на БургасГрб на Бургас
Бургас is located in Бугарија
Бургас
Бургас
Местоположба на Бургас во Бугарија
Координати: 42°30′0″N 27°28′0″E / 42.50000° СГШ; 27.46667° ИГД / 42.50000; 27.46667
ЗемјаБугарија
ОбластБургас
ОпштинаБургас
Управа
 • ГрадоначалникДимитар Николов (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна253,644 км2 (97,932 ми2)
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2022)
 • Вкупно210 566
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Повик. бр.+359 056
Мреж. местоburgas.bg

Историjа

уреди

Областа на денешен Бургас која се наоѓа помеѓу трите езера и Црното Море директорот на регионалниот музеј Цоња Дражево ја дефинира како "крстопат меѓу најдревните цивилизации". Меѓу првите жители на тој регион се Тракијците. Се претпоставува дека околу 6 век пр.н.е. по брегот тие создаваат голем број градови како: Аполонија, Месемврија, Анхиало и други за кои се смета дека се основани од грчки доселеници.

Во почетокот на летото на 2008 година археолозите од музејот на Бургас изложуваат (на 10 километри северно од градот во праисториската могила во месноста "Хлороводородна нивоа", во дворот на затворот со лесен режим кој се наоѓа по патот за населбата Ветрен) уникатни предмети кои датираат од времето на раниот халколит.

Ископани се над 250 предмети од кои за најдобри се сметаат оние кои се претпоставува дека се стари 6000 години пр.н.е.. Тие сведочат за земјоделството, сточарството и производството на сол, како средства за егзистенцијата на древните жители на местото. Пронајдени се и ритуални садови на царот-свештеник. Се смета дека артефактите се едни од најстарите најдени воопшто по брегот на Црното Море, вклучително и во Турција и на Кавказот.

Потоа, на 15 километри југозападно од Бургас е основан римскиот град Деултум (лат. Colonia Flavia Pacis Deultemsium) кој исто така бил воена колонија а потоа се претвора во важен центар на провинцијата Хемимонтус. Од старото име потекнуваат називите Девелт и Дебелт. Тука бил изграден медицински центар до многуте извори на минерални води во овој регион.

Во средниот век на 10 километри е изградена тврдината Пиргос, сместена на полуостровот Форос, во близина на денешната населба Крајморие. Таа најверојатно е користена како набљудувачница и таму се наоѓаат пристапите кон тврдините Девултум и Скафида и римскиот пат Виа Понитка. Нејзините остатоци постоеле и во 19 век за што сведочат различни Европејци посетувачи на регионот во тој период. При археолошките ископувања во 2009 година се откриени дел од тврдината и античка населба во близина на него која датира од доцната антика (V век по Христа).

Под османлиска власт

уреди
Бургас во Османлиска Бугарија

Според податоците на францускиот конзул во Црното Море Шарл де Пејсонел (1727-1790) градот почнува да расте благодарение на трговијата и извозот на житарици за Цариград во средината на 18 век. Дури во 17 век Бургас го добива сегашново име. Првично е наречен Ахело Бургас, а по Ослободувањето - Бургас. Со повлекувањето на руските трупи по завршувањето на Руско-турската војна од 1828-1829 година, поголем дел од бугарското население на Странџа и крајбрежјето ги напушта родните домови и следејќи ја армијата надвор од Бугарија се населил во Украина, Молдавија, Бесарабија и други територии на Руската Империја. Во следните години тие се враќаат а дел од турското население избегал пред војната. Во напуштените села се населиле Бугари од внатрешноста на земјата кои под влијание на грчките наставници и свештеници постепено се погрчуваат. Во 1869 година во Бургас се основаат бугарско училиште и црква во регионот на денешниот храм "Св св Кирил и Методиј".

Од ослободувањето до денес

уреди

Градот е ослободен од османлиската власт на 6 февруари 1878 година од страна на руските трупи. Во тоа време во него живеат околу 2950 лица, главно Турци, Ерменци, Евреи, Бугари и Грци или гркомани. Прв градоначалник на ослободениот град е Нико Попов - Бугарин, во чие семејство половина луѓе се сметаат за Грци. По потпишувањето на Берлинскиот конгрес Бургас станува еден од 6-те административни центри на новоформираната провинција Источна Румелија. Поголем дел од турското население се иселува во Отоманското Царство, најпрво по Ослободувањето, а потоа и по соединувањето на Бугарија.

На 29 јануари 1895 година емигрантите од Македонија во Кнeжество Бугарија создаваат во Бургас Македонско друштво наречено Пирин Планина во кое членувале и емигранти од Одринско. На 12 мај 1896 година, по благослов на македонското друштво "Пирин Планина", на иницијатива на капетан Петко војвода и браќата Петар и Никола Драгулеви во Варна се создава природни преселенско друштво "Странџа". [7]. Во месец декември истата година се гради и негов клон во Бургас. [7]. На 2 септември 1902 година, двете организации во Бургас се здружуваат во Македоно-Одринско друштво.

Важна фаза од економскиот развој на Бургас бележи морското пристаниште кое е отворено на 18 мај 1903 година. Во 1905 година е основано и трговско училиште, а во 1925 година се отвора државно механичко-техничко училиште.

Во следните неколку децении градот и окрузите се претвораат во најголеми бегалски камп на Бугарија. По Илинденското востание особено по втората меѓусојзничка балканска војна од 1913 година градот и регионот се целосно со бегалци од Источна Тракија. [7] При избувнување на Балканската војна во 1912 година 65 лица од Бургас се доброволци во Македонско-одринското доброволен корпус. [ 8] За нецелосни податоци на поранешната Дирекција за сместување на бегалски семејства во Бугарија, до 1931 година во Бургаски округ се внесуваат најмногу - 12 155 семејства а нивниот вкупен број изнесува над 60 илјади луѓе од кои две третини се од Источна Тракија. [7] Остатокот се бегалци од Егејска Македонија, главно од областа Ениџе-Вардар. Тие пристигнуваат во периодот 1923-1925 година во Бургас и крајбрежните села на север од градот. На нивно место за Грција заминуваат поголемиот дел од грчките жители од регионот. Зградата на Општина Бургас

Македонските колонисти основаат во Бургас Македоно-одринско доброволско друштво, Македонско добротворно братство "Димитар Михајлов", Македонско женско културно-просветно и добротворна организација "Менча Крничева", Македонски младинско друштво "Пелистер" и др.

Во 1928 година Бургаскиот Залив замрзнува, што овозможува сообраќај до островот Света Анастасија со пајтони.

По Втората светска војна, поголемиот дел од еврејското население се иселува во новосоздадената држава Израел.

За време на кимунистичкото управување на БКП Бургас е претворен во индустриски центар. Приватните претпријатија и фабрики се национализирани и изградени се нови фабрики, најголем од нив е поранешниот Нафтено-хемиски комбинат.

Во 2008 година пред бургаскиот административен суд за првпат во Бугарија е покрената тужба по електронски пат.

Стопанство

уреди

Позицијата на град Бургас е од големо стратешко значење, благодарение на неа во градот се развиени сите видови транспорт (патен, железнички, воздушен и воден).

Пристанишниот град, со сопствен меѓународен аеродром, како и многу добра развиена наземна инфраструктура, Бургас дава добри предуслови за развој на секаков вид индустрија. Според странските инвеститори предностите на Бургас се: релативно добро развиена инфрастуктура, целосно завршено пристаниште од индустриска гледна точка, подобар пристап до суровини, како и блиската рафинерија [35].

Бургас е најголемото пристаниште во Бугарија и со најголем товарооборот во Бугарија. Пристаниште област Бургас "обработка на 60% од товарот на море. Причината Бургаското пристаниште да има најголема економска важност за земјата се нафтеното пристаниште "Росенец", што опслужува 33% од морскиот товарен превоз, како и големината на Бургаскиот Залив.

Во структурата на економијата фигурира претежно производството на хемиската и нафтопреработвателната индустрија, на растениевъдството, дърводобивната и дървопреработвателната, рибната, текстилната, кабелната индустрија, како и производството на вина и алкохолни пијалаци.

Во октомври 2009 во Бургас е оценето 4,36% невработеност. [37] Заради развој на индустрија, трговија, туризам и индустрија, градот нуди конкурентна плата и можности за професионален развој, карактеристични за Софија, Варна и Стара Загора.

Образование

уреди

Бургас е познат со својот Универзитет "Асен Златаров", основан во 1963 година како Висок хемичар-технолошки институт, кој вклучува во структурата си исто 3 колеџот: Колеџ за туризам, технички и медицински колеџ.

Во градот се наоѓа и едно од најновите високи училишта на Балканскиот Полуостров - Бургаски слободен универзитет, формиран во 1991, кој се одликува со иновативни своите методи на предавање и оригиналната си зграда, претставува дел од модерната архитектура во градот.

Гимназии

уреди
  • СХЕУ „Св.св. Кирил и Методиј“;
  • ГПАЕ "Гео Милев";
  • Национално училище за музикално и сценично изкуство „Професор Панчо Владигеров“;
  • Спортно училище „Юрий Гагарин“;
  • Гимназия за романски езици „Г. С. Раковски“;
  • Природо-математическа гимназия „Акад. Н. Обрешков“;
  • Немска езикова гимназия „Гьоте“;
  • Търговска гимназия — Бургас;
  • Гимназия за чужди езици „Васил Левски“;
  • Вечерна гимназия „Захари Стоянов“;
  • Първо частно прогимназиално училище.
  • Професионални Гимназии по:
  • Архитектура, строителство и геодезия;
  • Механоелектротехника и електроника;
  • Морско корабоплаване и риболов „Св. Никола“;
  • Туризъм „Проф. д-р Асен Златаров“;
  • Химични Технологии „Акад. Н. Д. Зелински“;
  • Електроника и електротехника „Константин Фотинов“;
  • Дървообработване „Георги Кондолов“;
  • Сградостроителство и инсталации „Пеньо Пенев“;
  • Транспорт.
  • Основни и средни училища:
  • ОУ „Антон Страшимиров“;
  • ОУ „Братя Миладинови“;
  • ОУ „Васил Априлов“;
  • ОУ „Васил Левски“;
  • ОУ „Георги Бенковски“;
  • ОУ „Елин Пелин“;
  • ОУ „Любен Каравелов“;
  • ОУ „Найден Геров“;
  • ОУ „П. Р. Славейков“;
  • ОУ „Пейо Яворов“;
  • ОУ „Св. Климент Охридски“;
  • ОУ „Свети Княз Борис I“;
  • ОУ „Христо Ботев“;
  • СОУ „Димчо Дебелянов“;
  • СОУ „Добри Чинтулов“;
  • СОУ „Иван Вазов“;
  • СОУ „Йордан Йовков“;
  • СОУ „Константин Петканов“;
  • СОУ „Константин Преславски“;
  • СОУ „Никола Вапцаров“;
  • СОУ „Петко Росен“.
 
Изглед на градот

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди