Подземна република
Подземна република, Тајна република или Држава во држава — епитет на Македонската револуционерна организација, која во текот на своето постоење и дејствување кон крајот на XIX и почетокот на XX век во рамките на Отоманското Царство успеала да создаде паралелни институции на власт. На териториите на Македонија и Одринско почнал да егзистира еден нелегален политички паравоен субјект кој преку своите институции и акти ја остварувал својата цел и волја меѓу христијанското и нехристијанското населението со што се ограничувала јурисдикцијата на самата империја и се загрозувало турското владење во овој дел на Балканот. Псевдонимот Подземна република (An Underground Republik) е употребен од страна на Даме Груев во интервјуто со еден анонимен шкотски новинар во неговата статија за Организацијата во списанието Blackwood’s Magazine',' во текот на неговата посета на Македонија [1], а истиот псевдоним е употребен и од страна на американскиот новинар Алберт Сониксен, авторот на делото Исповед на еден македонски четник [2]
Паралелна власт
уредиМакедонска револуционерна |
---|
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
An Underground Republic
уредиВо февруари 1906 година Дамјан Груев ја обиколувал Македонија и во кратовските планини имал средба со еден шкотски новинар кој бил дописник на единбуршкото списание Blackwood’s Magazine. Овој новинар средбата ќе ја објави во споменатото шкотското списание под наслов An Underground Republik. Во текстот анонимниот шкотски новинар истакнува дека при неговиот престој на организиската територија имал доживување како да се наоѓа на територијата на една слободна подземна република каде турската власт немала никакви ингеренции, а таквиот впечаток бил потврден и од самиот Даме Груев кој истакнал:
„ | Организацијата го претставува административниот механизам на една подземна Република, којашто се градеше за заштита од турската тиранија. Регуларните чети се полициски сили на оваа република. Тие ги извршуваат повелбите на цивилните судови. Во секое село има локален суд. Потоа, ние имаме подвижни судови, што ја обиколуваат земјата и одлучуваат за распарвиите помеѓу луѓето од различни села. Месните комитети ги претставуваат цивилните локални власи, зад нив се наоѓаат силите на четите. Локалните комитети се избираат од селаните. Тие не ја злоупотербуваат ниваната доверба [1] | “ |
Тајна република
уредиВо текот и по Илинденското востание, северноамериканскиот печат ги коментирал настаните во Македонија. Меѓу многубројните статии посветени за македонското националноослободително движење особено е интресен прилогот на американскиот новинар и публицист А. Д. Хаурен Смит кој бил посветен на Македонската револуционерна организација и во кој се истакнува дека:
„ | Надвор од Балканскиот Полуостров се верува дека Организацијата е некакво тајно друштво од полуполитички водачи на банди, едно соединување на револуционери. Таа, меѓутоа, не е ни едното ни другото. Управното тело на Македонската организација не е ништо друго, туку сенат на една тајна република, кој е уреден внатре во Османлиското Царство и е избран од народот преку народни, но тајни избори. Во срцето на една управа што веќе се распаѓа, каква што е турската, започна да се појавува оддолу една совршена форма на политичка организација, така совршена во своите гранки, како што е онаа на еден слободен републикански народ. Во Османлиското Царство има: македонска полиција, македонски судови, македонска милиција, македонски училишта и македонска пошта, - сето тоа постои покрај големите усилби на турската влада да го уништи. Востанијата ја создадоа потребата од ваквата организација. Таканаречените градски совети или комитети, избрале претставници, за да се собераат со другите претставници од другите градови... Собраните окружни сенатори го претставуваат народот така, како што конгресот го претставува американскиот народ. Според тоа, нема да биде преувеличено, ако се каже дека во Македонија има две различни управи... Единствената цел на Организацијата не е само да крева востание. Таа го организаира судскиот систем, поткрепен со полициска сила... македонскиот селанец прибегнува до друг извор на правосудство. Тој се обрнува до месниот комитет, кој по неважни прашања сам се изјаснува. Заповед се испраќа до секој турски престапник за да ја надомести штетата и да плати казна. Обично Турчинот веднаш се потчинува, зашто секој комитете има своја полиција - чета која е сместена по планините - која учи на послушност... Предавниците строго се казнуваат, големите суми што ги троши турската власт за слични цели ги соблазуваат многумина. Како што има турски шпиони, така има и христијански предавници. Турските селани никако не ја мразат Организацијата. Борбата се води помеѓу две влади, помеѓу четите и редовната војска [3] | “ |
Држава во држава
уредиИталијанскиот печат постојано ги следел настаните во Македонија пред и по Илинденското востание, особено во тоа предничел весникот Avatni кој постојано го следел и коментирал македонското националноослободително движење, треба да се истакне статијата на О. Моргари под наслов Oriente in Fiamme објавена на 8 септември 1903 година во овој весник и притоа било истакнато:
„ | Револуционерната организација на Македонија и на Одринскиот вилает претставува една држава во отоманската држава. Се конституира автономна Македонија, со своја влада, со своја милиција, со свои финансии и со свое судство и која ја исполнува својата сила во маркот и во шумите, то ест во местата каде што Турците не ќе можат да ги достигнат. Македонската организација истапува денеска на историска сцена со своето највисоко сведоштво, и тешкотии што следуваа, чинеа само една драма без да се познава нејзиниот протагонист [4] | “ |
Институции
уредиМакедонската револуционерна организација од своето основање па сè до кревањето на Илинденското востание успеала на голем дел од територијата на Македонија и Одрин да инсталира организациска мрежа и свој институции преку кој успала да ја остварува својата волја меѓу населението.
Една од првите институции е Централниот комитет кој бил главен извршен орган, постепено почнале да се формираат и други окружни и околиски комитети. Истовремено со формирањето на комитетите се започнало со создавање на паралени институции на власта.
Уште во првите години биле создадени Тајна полиција и Тајна пошта како и терористички групи кој дејствувале како извршен орган [5]. Треба да се истакне дека поштата на организацијата била подобро организирана отколку редовната пошта на Отоманското Царство. Писмата кои организацијата ги испраќала од Солун за Софија пристигале следниот ден [6][7].
Паралелно со тоа Организацијата почнала да собира и финансиски средстава од населението со што почнала да ја неметнува и своја даночна политика, имено за добиените пари организацијата давала расписка (сматка) со печат на ЦК, а одземените пари требало да се вратат на населението по ослободувањето на Македонија.
Со текот на времето се поставило прашањето за создавање на едно тело кое надвор од границите на Отоманското Царство ќе ги застапува интересите на Организацијата и на Солунскиот конгрес од 1903 година е донесена одлука за формирање на Задграничното претставништво кое започнало да егизстира како амбасада на самата Организација [8].
Голем исчекор е направен кога во првата половина на 1897 година се започнува со формирањето на првите вооружени чети кои постепено никнале на целата територија на Македонија со што силно била загрозена власта на Отоманското Царство и Организацијата вистински започнала да ја наметнува својата волја и власт на добар дел од турската територија на Балканот [9][10].
Уште во самиот почеток Организацијата започнала со воспоставување на паралелна судска власт која во почетокот се однесувала на самата МРО и воопшто на македонското националноослободително движење, биле регулирани односите и постапки на членовите како и на останатаото население кон револуционерното дело. Меѓутоа постепено Организацијата започнува да го убедува неселението да ги бојкотира турските судови и на територијата која била под контрола на Организацијата, почнале да се формираат граѓански судови кои се занимавале со дела и споровите меѓу населението кој не ја тангирале самата Организација.
Извори
уреди- ↑ 1,0 1,1 Христо Андонов Полјански, Одбрани дела, том четврти, Скопје, 1981
- ↑ ИЗПОВЕДТА НА ЕДИН МАКЕДОНСКИ ЧЕТНИК, Алберт Сониксен
- ↑ The Evening Post, За нашата организация, Революционен лист, Софија, 10 март 1905.
- ↑ O. Morgari, Oriente in Fiamme, Avanti, Roma, 8.IX.1903
- ↑ Прв правилник на Македонската револуционерна организација
- ↑ Панде Константин, Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1903, София, 1979
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
- ↑ Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995
- ↑ 'Христо Шалдев, Из револуционит борби в Паяк планина, Ил. Илинден, София 1931, 14.
- ↑ Устав на ТМОРО