Хаџи Димитар
Димитар Николов Асенов, попознат како Хаџи Димитар — еден од најзначајните бугарски војводи. Загинува на 28-годишна возраст, по тешка борба со османлиските сили. По повод неговата смрт Христо Ботев ја напишал истоимената песна.[1]
Хаџи Димитар | ||
Роден | 10 мај 1840 Сливен, Османска Империја | |
---|---|---|
Починал | 10 август 1868 врв Кадрафил, Османска Империја |
Животопис
уредиХаџи Димитар е роден во Сливен во семејството на трговецот Никола и Маринка Асенов. Кога имал две години, тој и неговото семејство одат на поклонение во Ерусалим и оттогаш Димитар е аџија или хаџија.
Во 1862 година Хаџи Димитар излегува на Балканот и во текот на целото лето, заедно со чета, ја обиколувал планината. Во пролетта 1864 година се вклучува во четата на Стојан војвода од Сливен како знаменосец (бајрактар). Четата е од 12 души и има за задача да го убие трновскиот грчки владика. Пред да влезат во Трново четата се распаѓа и четниците се одделуваат од војводата. Командата ја презема Хаџи Димитар, кој ги води кон Сливенскиот Балкан.
На 21 мај 1865 година во живеалиштето на Георги Раковски се формира чета, во која учествуваат, исто така, Хаџи Димитар и Стефан Караџа. На 13 јуни 1865 година четата го преминува Дунав и се упатува кон Котленскиот Балкан. Дејствува во реонот на познатото ајдучко собиралиште Агликина полјана.
Во пролетта 1866 година од Романија поминува чета од 20 души предводена од тројца војводи: Жељу војвода, Хаџи Димитар и Стефан Караџа. Доаѓа до Сливенскиот Балкан, каде што се дели на три. Дејствува до есен кога се собира и се враќа на Романија.
Во пролетта 1868 година во Романија се формира четата на Хаџи Димитар и Стефан Караџа. На 5 јули 1868 година четата го преминува Дунав со една гемија (сплав). Првата борба ја водат со турска потера од околу 1 000 души. Четата успеала да и избега на потерата и низ ноќта успеале да стигнат до Карапанова Курија во атарот на селото Горна Липница. Тука на 7 јули, четата ја води втората борба во која Османлиите имале значителни загуби, а од четата еден бил убиен и двајца биле ранети. На 8 јули се разврзала борба во близината на селото Вишовград, во месноста Долгидол. Денес таму има споменик.
На 9 јули во Канладере, во околината на Вишовград, на неколку километри на југ-југоисток од Далгидол, се разврзала крвава борба во која четата била разбиена. Стефан Караџа бил ранет и заробен. Под раководство на Хаџи Димитар останатите 58 души продолжуваат кон Балканот. Денес во месноста Канладере ("крвава река" на турски), има споменик и фонтана, посветени на загинатите четници. Месното население организира прослава на четвртата битка околу 21 јули (9 јули стар стил).
На 18 јули 1868 година во врвот Бузлуджа во Шипченска планина се разврзала последната борба на четата. Во оваа битка е тешко повреден самиот Хаџи Димитар. Бил одвлечен од тројца четници и за три деноноќија е однесен на врвот Кадрафил во Срнена средна гора, во близина на денешното село Свежен. И покрај грижата на локалните овчари, Хаџи Димитар умрел од повредите околу 29 јули/10 август 1868 година. Погребан е на истото место.[2] 12 години подоцна, воноември 1880, коските се повторно закопани свечено во дворот на Црквата "Св.Петар и Павле" во село Свежен од Пловдивски Викарен Владиката Гервасиј Левкијски (подоцна Митрополитот Сливенскиот).
Според очевидецот Христо Македонски[3], Хаџи Димитар е убиен на врвот Бузлуџа. Меѓутоа некои од преживеани од битката не се согласиле со таквата констатација. Познатиот деец д-р Васил Берон собирал сведоштва за Хаџи Димитар. Во своите "Археолошки и историски истражувања" (Трново, 1886 година), тој опишува една своја средба во есента 1868 година во Болград (Бесарабија, денес во Украина) со еден од преживеаните четници, родум од Котел, кој раскажува дека војводата бил "лошо повреден при Бузлуџа". Во различни моменти се смета дека во Средна Гора можеби бил погребан братот на Хаџи — Тодор, кој исто така учествувал во четата. Тоа сепак исто така не одговара на вистината, бидејќи Тодор Асенов загинува во Битката кај Дебелиот даб, Габровско.
Војводата Крсто Асенов (1877 — 1903) е внук на Хаџи Димитар.
Извори
уреди„Хаџи Димитар“ на Ризницата ? |
- ↑ Жив е тој, жив е
- ↑ Историята-далечна и близка, Пламен Павлов, изд. АБАГАР, В. Търново, 2010, стр.156.
- ↑ Македонски, Христо. „Записки на Христо Македонски, (1852-1877)“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1983.