V македонски конгрес

Петтиот македонски конгрес на македонските друштва се одржал во јули 1898 година во Софија.

Дел од темата
Македонски комитет
Печат на Македонскиот комитет

Заседание и работа

уреди

За време на одржувањето на овој конгрес позициите на комитетот биле ослабнати и тоа се одразило и врз работата на самиот конгрес. V македонски конгрес ги разгледал односите помеѓу ВМК (Врховен македонско-одрински комитет) и ТМОРО. За претседател бил избран Александар Радев.

Овој комитет не ги исполнил очекувањата кои ги имал меѓу делегатите, поради разногласието на неговите членови [1]

Единственото сериозно дело на новиот состав на Комитетот е издавањето на весникот Реформи кој почнал да излегува на 9 јануари 1899 година, и кој брзо достигнал 8.000 примероци на тираж.

Извори

уреди
  1. К. Пандев националноослободителното дело во Бугарија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979, 163-164