Димитар Делчев
Димитар Николов Делчев, познат како Мицо Делчев ( 1879 во Кукуш, Егејска Македонија — 4 февруари 1901 во Бајалци, Гевгелиско, Егејска Македонија) — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.[1][2]
Димитар Делчев | ||
Роден | 1879 Кукуш, денес Грција | |
---|---|---|
Починал | 4 февруари 1901 Бајалци, денес Грција | |
Националност | Македонец | |
Татко | Никола Делчев | |
Мајка | Султана Делчева | |
Роднини | Руша Делчева, Гоце Делчев, Милан Делчев, Христо Делчев. |
Животопис
уредиДимитар Делчев е роден 1879 година во Кукуш, тогаш во Отоманското Царство, денес Килкис, Грција. Се родил како втор син на Никола Делчев и Султан Делчева, а негови браќа се Гоце, Милан и Христо Делчев. Димитар Делчев, основно обрзование завршил во родниот град, а потоа учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, каде што се приклучил во Организацијата, учествувал во неколку терористички акции, а исто така и во бунтот на учениците против самоволието на директорот и на некои професори од егзархиската гимназија. Поради тоа бил исклучен од неа во 1896 година. Во Дупница, каде што го продолжил образованието, во домот на Никола Малешевски, кај кого престојувал, се запознал со со повеќе членови на ВМРО и комити.[1][2] Летото 1900 година се вклучил во четата на Христо Чернопеев и бил еден од најмладите комити во неа. На 4 февруари 1901 загинува во првата поголема борба, која ја имала четата против турскиот аскер кај селото Бајалци, Гевгелиско.[1][2][3][4]
Кога на Гоце Делчев му соопштиле за смртта на Мице, тој само запрашал: „Се држеше ли херојски брати ми?“ Бил горд од одговорот за храброста на брат му Димитар (Мицо) Делчев.[1][2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 151. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 447–448. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ Кьосев, Дино. „Гоце Делчев, Писма и други материали“, БАН, София, 1967.
- ↑ Енциклопедия България, том 2, Издателство на БАН, София, 1981.
Литература
уреди- Јован Павловски - Огнено семејство - Спомени на Лика Чопова, Скопје, 1978.
- Д-р Симо Младеновски - Револуционерката Руша Делчева (1868-1945), Скопје, 1983.