Владимир Димитров

Владимир Димитров — македонски револуционер, деец на Македонскиот комитет.

Владимир Димитров
Роден 1870
Тулча, Романија
Починал ?
Владимир Димитров
Владимир Димитров

Животопис

уреди

Димитров е роден во 1870 година во градот Тулча, тогаш во Османлиско Царство. Завршил гимназија, а потоа заминал за Швајцарија за да учи високо образование по што завршил право во Лозанскиот универзитет.

Во 1895 година се населеил во Бугарија и почнал да работи како адвокат. Таму зел учество во македонското револуционерно движење и се вклучил во работата на ВМОК.

На VІІІ македонски конгрес на македонските друштва во април 1901 година бил избран за потпретседател на ВМОК како претставник на ТМОРО и по предлок на Гоце Делчев. Откако Иван Цончев го презел Комитетот во свој раце, Димитров поднел оставка на својата позиција.

По Илинденското востание Димитров се откажал од револуционерната дејност [1][2].

Извори

уреди
  1. Биографични данни от библиотека на ВМРО-София[мртва врска]
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 47.

Надворешни врски

уреди