Отвори го главното мени
Начев

Петар Начев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет и бугарски офицер.

БиографијаУреди

Петар Начев е роден на 6 јуни 1869 година во Сливен, тогаш во Отоманската империја. Завршува Военото училиште во Софија во 1889 година и со чин подпоручик служи во Вториот артилериски полк во Враца. Во февруари 1895 година како поручникот се запишува на Вишиот офицерски курс при Военото училиште во Софија. Се вклучил во создадената Македонска организација, на чело со Трајко Китанчев и во јуни 1895 година Начев ја напушта армијата и учествува во подготовка на Мелничкото востание. Ја командувал "Струмичка дружина" во состав од 160 луѓе, чија цел е да ја нападне Струмица и да ги уништи тамошните артилериски сили. Неговите четници се Михаил Апостолов, Михаил Радев и Васил Мутафов.

На 29 јуни четата ја поминува границата кај Ново Село. Поручникот Петар Начев добива срцева криза кај врвот Голак и во текот на ноќта и наредува на четата да продолжи, а тој заостанува за да се одмори. Откако разбрал дека неговата состојба не се подобрува, и за да не биде на товар на дружината, поручникот Начев се самоубива на само 26 години. По неговата смрт четата е предводена од Васил Мутафов [1][2].

Сакано место на поручникот Начев е гората кај притоката на реката Брегалница, во близина на селото Калиманци, на 300 чекори од патиштата Царево село - Штип.

ИзвориУреди

  1. Биография от сайта на ВМРО
  2. Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 38.