Наум Туфекчиев (29 јуни 1864 - 26 февруари 1916) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на неколку македонски емигрански друштва и организации, учествувал во дејноста на Младата македонска книжевна дружина, Братскиот сојуз и Македонскиот комитет. Неговото име се поврзува со трговијата на оружје како и со неколку атентати меѓу коe е и убиството на бугарскиот премиер Стефан Стамболов.

Наум Туфекчиев
Роден 29 јуни 1864
Ресен, Македонија
Починал 26 февруари 1916
Софија, Бугарија

Животопис

уреди

Убиството на Христо Белчев

уреди

Во Белград заедно со Димитар Ризов, Крсто Ножаров, Михаил Ставрев (Хаљо) и со своите браќа Никола и Димитар (Денчо) Туфекчиеви го организирал убиството на Стефан Стамболов.

Но на 15 (27) март 1891 година наместо Стамболов бил убиен министерот за финансии Христо Белчев, а Димитар Туфекчиев бил уапсен и подоцна убиен [1].

Одеса

уреди
 
Телото на Белчев по атентатот

По убиството Туфекчиев избегал во Одеса, каде со знаење на руските власти го подготвувал убиството на дипломатскиот претставник на Бугарија во Османлиското Царство, доктор Георги Влкович. Туфекчиев подготвил два терориста, кои го убиле докторот на 12 февруари 1892 во Цариград.

Потоа Наум и Никола Туфекчиеви биле осудени во Русија како потикнувачи на атентатот, на по 15 години затвор, но пресудата не им е извршена.

Туфекчиев на кратко бил испратен во заточеништво во Симбирск и користел месечна плата од руската држава.

Меѓу македонската емиграција

уреди

Туфекчиев потоа се вратил во Бугарија и се вклучил во дејноста на Младата македонска книжевна дружина.

На 27 декември 1894 Туфекчиев заедно с Димитар Ризов, Андреј Љапчев, Тома Карајовов, Никола Наумов и Трајко Китанчев го основаат Братскиот сојуз, а подоцна влегол во Македонскиот комитет.

Во Македонскиот комитет

уреди

На І македонски конгрес Туфекчиев е избран за потпредседател на Македонскиот комитет, а додека ја извршува оваа дејност во Македонија доаѓа до Мелничкото востание.

Мелничкото востание од страна на бугарската влада било искористено за признавање на Фердинанд I за кнез на Бугарија, а во годишната протурка на весникот Право од јануари 1896 година, Туфекчиев бил посочен како владин агент, во протурката меѓу другото било истакнато:

Додека беше жив Китанчев, ние не само што не се посомневавме во ништо, но дури не допуштавме мисла дека идеалниот Китанчев ќе допушти нашето свето дело да го експлатираат нечистите раце на денешните управници... и покрај строгото внимание на Китанчев делото да се држи подалеку од партизанските гнасотии, денешната влада успеала да има во делото еден свој ревносен агент... имено Н. Туфекчиев [2]

Меѓутоа, треба да се истакне дека не е јасно зошто тоа било објавено во весникот Право, дали поради тоа што Туфекчиев бил владин агент или поради дневнополитички цели, бидејќи тој застанал на чело оцепениот комитет. Вистина е дека Туфекчиев имал врски со бугарската влада, но имало и други.

Повеќе македонски политиканти од МК, подоцна играле видна улога во бугарската политика, како трговски агенти, пратеници, дипломатски претставници, министри, премиери итн. Интересна е кариерата на Д. Ризов, Т. Карајовов, А. Љапчев и други [3]

Во текот на ІІ македонски конгрес дошло до поделба на Комитетот од кој се одвоиле офицерите на чело со Туфекчиев и формирале друг комитет, а го задржале и старото име Македонски комитет.

Туфекчиев имал редовни средби и контакти со бугарскиот премиер Константин Стоилов. Бугарската влада за да ги држи конците во своите раце давала поддршка за отцепениот комитет и Туфекчиев.

Во Софија создал бомболеарница, каде ги произведувал гранатите македонки, а со нив ја снабдува Македонската револуционерна организација. Во текот на аферата со Дончо Штипјанчето биле пронајдени токму овие бомби.

Откако владата оценила дека не и е потребна нова акција за 1896 година, ја откажале поддршката по што следела наредба за растурање на Туфекчиевата бомболеарница, а офицерите биле поставени на нови служби и отцепениот комитет постепено згаснал.

Убиството на Стефан Стамболов

уреди

На 6 јули 1895 година е извршен атентатот врз Стефан Стамболов, кој починал по три дена од задобиените рани, а неговото убиство се смета за едно од најбруталните политички убиства во Бугарија.

 
Телото на Стамболов по атентатот
 
Стефан Стамболов
 
Хаљо убиецот на Стамболов

Таа вечер Стефан Стамболов излегол во 19:50 часот од Јунион клуб со Димитар Петков (друг политичар, премиер и идна жртва на атентат).

Ги качил пајтонџијата Мирчо Ацов и го терал пајтонот бавно по ул. Раковски. Меѓутоа кон пајтонот се нафрлиле тројца души и едниот почнал да стрела, а коњите тогаш застанале. Од десната страна седел Стамболов. Кон него се насочил човек со јатаган, но Стамболов успеал да скокне и да се упати кон улицата Стефан Караџа.

Стамболов извадил револверот, но пред да го насочи еден од атентаторите му ја пресекол раката со јатаган. Во меѓувреме го пристигнале и другите двајца кој започнале да му ги сечат рацете, со кои тој се обидувал да се заштити.

По нападот, Стамболов сè уште бил жив, иако тешко повреден со исечени раце и глава. Брзо го пренесле во неговиот дом, лекарите му ги ампутирале двете раце, но сепак не можеле да го спасат. Додека сè уштее бил при свест, ги изговорил имињата на тие што мислел дека го ликвидирале. Убијците се Туфекчиев и Хаљо... Кнезот ме уби, Белчев, Белчев! ... Принц Кобург, принц Кобург!, биле неговите последни зборови.

По атентатот, била поведена истрага која траела цела година. Врз основа на сознанијата било поднесено обвинение, Наум Туфекчиев бил посочен како организатор на атентатот, а директни извршители Боне Георгиев и Михаил Ставрев – Хаљо со учество на Атанас Цветанов – Таљо и Мирчо Ацов, кој го возел пајтонот во кој се качил Стамболов.

По завршување на судскиот процес на 1 февруари 1897 година, Туфекчиев бил осуден на три години затвор за помош и превоз на оружје. Една година подоцна пресудата била преразгледана и изменета, а Туфекчиев бил ослободен [4].

Кој го нарачал убиството и кој го платил Туфекчиев за атентатот не се утврдило. Дали дворецот учествувал во погубувањето? Дента кога бил извршен атентатот, Фердинанд бил надвор од Бугарија и се вратил во Софија, потресен и гневен.

Подоцнежна дејност

уреди

Со посредство на Димитар Љапов, Туфекчиев влегол во контакт со Ерменците Бедрос Паренјан и Армен Гаро, а тие со неговото оружје се подготвувале да ја нападнат Отоман банката во Цариград.

Во 1900 година Туфекчиев и Спас Шангов го издаваат весникот Вечерна пошта, а подоцна со Борис Сарафов подготвил план за киднапирање на синот на богатиот политичар Иван Евстатиев Гешов, но до реализација на киднапирањето не дошло.

Во текот на 1905 година Туфекчиев влекол во контакт со болшевиците на кој им продавал бомби, а во 1906 година Туфекчиев бил вмешан во меѓународен скандал при пренесување на оружје за Русија [5]

Контакти со Младотурците

уреди
 
Некролог за Наум Туфекчиев.

По Младотурската револуција се вратил во Македонија и се зближил со водачите на младотурците Нијази-бег и Енвер бег.

Тајната турска полиција се поврзала со Туфекчиев со цел тој да организира атентат во Бугарија. Атентатот бил извршен во градското казино во Софија, спроти новата 1915 година, кога од подметната експлозија загинале ќерката на воениот министер, синот на началникот на Штабот на армијата и уште неколкумина. Тогаш биле тешко повредени и осум лица [6]

Неколку минути пред експлозијата бил забележан Туфекчиев како се снова во една од ложите.

Подоцна е утврдено дека е користена иста бомба како и бомбите со кои била снабдувана бугарската армија со негово посредство. Уапсени биле три лица, еден од нив познат терорист и член на организацијата Црвени браќа што ја формирал Туфекчиев.

Смрт

уреди

По вклучувањето на Бугарија во Првата светска војна, Наум во името на неговиот син Александар Туфекчиев дал дарение од 5.000 златни лева за возобновување на Бугарската егзархија во Македонија.

Судбината на Туфекчиев не му била благонаклонета. Тој го загубил единствениот син Александар, а на 25 февруари 1916 година бил ликвидиран на една софиска улица од луѓе на ВМРО, а по наредба од Тодор Александров.

Наводи

уреди
  1. Благов, Крум, „50-те най-големи атентата в българската история“, Убийството на Христо Белчев
  2. Правителствените шайки правяатъ избори... Право, 21.01.1895,5.
  3. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет.
  4. Благов, Крум... , Убийството на Стамболов
  5. Николов, Григор, „Наум Тюфекчиев - най-известният български терорист“, в. „Сега“, 12.1.2002 г.[мртва врска]
  6. Благов, Крум... , Атентатът в градското казино

Литература

уреди