Х македонски конгрес

Десеттиот македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија со својата работа започнал на 28 јули 1902 година во Софија.

Дел од темата
Македонски комитет
Печат на Македонскиот комитет

Заседание

уреди

Со посебно окружно бил објавен списокот на друштвата кои можеле да учествуваат и да испратат делегати.

Како приврзаници на ТМОРО присуствувале: Никола Наумов, Тома Карајовов, Борис Сарафов, Пејо Јаворов и други[1].

Од друга страна пак Софиското друштво добило задача да ги организира непоканетите друштва[1].

Врховниот комитет за да се осигура дека нема да присуствуваат непожелните друштва, внимателно ги проверувал полномоштвата кои ги испаратил и тоа одзело неколку дена[1].

Истовремено непризнаените друштва се организирале за да го усогласат ставот кон Иван Цончев. Притоа Борис Сарафов сакал да се пробијата со кама и револвер, што било одбиено од Ѓорче Петров, притоа опозициските делегати решиле да учествуваат на конгресот[1].

Работа

уреди

Конгресот ги разгледал односите помеѓу ТМОРО и Врховниот комитет Врховен македонско-одрински комитет, притоа било истакнато дека ТМОРО не е во состојба да го снабди населението во Македонија со оружје и да крене револуција и било осудено Задграничното претставништво на организацијата [1].

Гоце Делчев одбил да зборува на конгресот, бидејќи не им било допуштено на сите делегати да присуствуваат. Конгресот го повикал да даде образложение за неговото држење, на што Делчев одговорил писмено, притоа до конгресот се обратил како:

 
Гоце Делчев
До собрание на Славјанска беседа[2]

На тој начин сакал конгресот да го сведе на ниво на собрание и да го доведе во прашање неговиот легитимитет, и притоа истакнал:

Во моите очи собранието на луѓето, кое ме кани на објаснување, не претставува вистински израз на дејците по македонското дело, бидејќи уште многу претставници на друштва... не се допуштени во него... Од друга страна, не би сакал да давам отчет на оние, од чии дејства Внатрешната организација се мачи повеќе, отколку од турските власти[2]

Писмото на Делчев на конгресот требало да биде прочитано од страна на Никола Наумов, но тој во тоа бил спречен [1].

Објаснувањата дополнително ги дал задграничниот претставник Димитар Стефанов [1]. Од своја страна тој обвинил дека Врховниот Комитет има завојувачка тенденција кон ТМОРО[1]. Во истиот контекст се изјасниле и Никола Наумов, Пејо Јаворов, Тома Карајовов и Борис Сарафов.

Епилог

уреди

Бидејќи опозицијата била слаба, таа решила да го напушти конгресот, а на него останале 41 делегат.

Тие за претседател го избарале повторно Стојан Михајловски и Иван Цончев за потпретседател. По конгресот Врховниот комитет продолжил со своите провокации во Македонија [3]

Извори

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 П. Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979.
  2. 2,0 2,1 Гоце Делчев, Писма и други документи
  3. Ванчо Ѓорѓиев, Смрт или Слобода, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за Историја - Филозофски факултет, Скопје, 2003