Тома Давидов
Тома Костов Давидов (2 мај 1863 - 15 март 1903) — офицер од Бугарија,[1] учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонскиот комитет од Софија, подоцна станува војвода на Македонската револуционерна организација.
Тома Давидов | ||
Роден | 2 мај 1863 Ловеч, Силистренски пашалак | |
---|---|---|
Починал | 15 март 1903 Оздолени, Битолски вилает | |
Националност | Бугарин |
Животопис
уредиРоден е во Ловеч, Бугарија на 2 мај 1863 г. Завршил воено училиште во Софија со Гоце Делчев и Борис Сарафов.
Учествувал во српско-бугарската војна. Во летото на 1895 г. учествува во Мелничко востание, кое било во организација на Македонскиот комитет.
По акцијата Давидов се вклучил во работата на офицерските братства. На VІ македонски конгрес во 1899 година бил избран за член на Македонскиот комитет заедно со Борис Сарафов, Антон Бозуков, Славчо Ковачев и Христо Саракинов.
На VІІ македонски конгрес во 1900 година бил реизбран за потпретседател на Комитетот. Потоа, разочаран од идејните меѓусебни борби меѓу македонско-одринските дејци, во 1902 г. заминува за Македонија како војвода на ревизиона чета од ТМОРО во Битолско, Охридско и Демирхисарско. Му велил на заминување на Гоце Делчев пророчки:
Не сум од Македонија, но за нејзината слободата сум подготвен секој момент да си го дадам живот. Ќе одам таму, меѓу братскиот народ да умрам, а не тука да ја трујам душата своја за Македонија.[2]
. Загинал од турска заседа кај с. Оздолени, Охридско, на 15 март 1903 г. Димитар Поп Андов пишува за него:
Голем водач, психолог, тој ја разбираше човечката душа, влегуваше во маките на населението и земаше мерки, така што четите да не му се во голема тежина. Беше издал наредба, кога ќе требаше да се престојува во некое село, да не се порачува ништо да се готви за јадење, а четниците да бидат задоволни од она јадење што им донесат селаните. Сам Давидов, кога одеше во некое село, никогаш не дозволуваше да му се постилаа, а спиеше само на својот шинел.[3]
На 15.03.2020 година граѓани од Охрид поставиле спомен-плоча близу Оздолени во чест на годишнината од убиството на Давидов. Плочата била уништена од вандали по две недели.[4]
Извори
уреди- ↑ Списък на членовете на Върховния македоно-одрински комитет (март 1895 – февруари 1903 г.) pdf
- ↑ Илустрација Илинден, 1943, бр.143, стр.11-12
- ↑ Житие од мрежното место на ВМРО-БНД
- ↑ ОМ: МВР да открие кој ја уништи плочата на војводата Тома Давидов. Ohrid1.com. 31/03/2020. Архивирано на 6 април 2020 г.