Отвори го главното мени

Константин Стоилов

Константин Стоилов Константинов бил бугарски политичар, еден од раководителите на Конзервативната партија, а подоцна на новооснованата, од него, Народна партија. Стоилов два пати бил премиер на Бугарија. Првиот пат за време на политичката криза по абдикацијата на кнезот Александар I (10 јули 1887 - 1 септември 1887), а вториот - по падот на Стефан Стамболов (19 мај 1894 - 18 јануари 1899) [1].

Konstantin-Stoilov.jpg
Роден 5 октомври 1853
Пловдив, Бугарија
Починал 5 април 1901
Софија, Бугарија

БиографијаУреди

Студирал во пловдивското епархиско училиште и Роберт колеџот - Цариград во 1873. Стоилов завршил право во Хајделберг во 1877 година. Доктор по право на универзитетот. За време на школувањето во Роберт колеџот и Хајделберг младиот Стоилов водел многу строг и организиран живот. Сето време, сè во него е потчинето на учење. Според традицијата на почетокот на учебната година учениците од последниот клас изрекувале говор по слободно избрана тема. Темата на Стоилов била "Тишината на историјата на бугарскиот народ". Со својот говор ги освоил слушателите и гостите, меѓу кои имало и амбасадори на големите држави.

 
Родниот дом на Стоилов во стариот град во Пловдив

По враќањето во Бугарија бил судија во Пловдив и Софија (1878-1879) и ја раководел Канцеларијата (1879-1880) и Политичкиот кабинет (1880-1883) на кнезот Александар I. Во 1884 станал редовен член на Бугарското книжевно друштво. Бил активен дејник на Конзервативната партија и го поддржувал режимот на овластувањата и за краток периоди заземал министерски функции во владата без премиер, со Леонид Соболев и во вториот кабинет на Драган Цанков.

За време на Српско-бугарската војна бил мобилизира во полкови и командувал со 3 вод од 3 коњанички ескадрон. На 11.12.1885 година е награден со воениот орден "За храброст" IV степен.

За време на кризата по абдикација на кнез Александар I, Стоилов ги поддржувал напорите на Стефан Стамболов за стабилизација на Бугарија. Тој учествува во делегацијата која го поканила Фердинанд Сакс-Кобург-Гота да седне на бугарскиот трон. Во период помеѓу 1886-1888 година Стоилов учествувал во привремената влада на Петко Каравелов, во таа на Васил Радославов, а самиот тој ја за кратко време го предводел Министерскиот совет, а потоа бил министер за правда во владата на Стефан Стамболов. Енергично ја поддржувал градежната политика на владата насочена кон градење на инфраструктурата - автопати, железнички пруги, пошти и телеграфски линии, сметајќи дека таквата политика е материјална основа на националната безбедност и моќ на Бугарија.

Во 1888 Константин Стоилов преминал во опозиција против владата на Стефан Стамболов и по неговото паѓање во 1894 ја предводе привремената влада што била одговорна за спроведување на изборите. Ја предводел новоформираната Народна партија, која освоила мнозинство по што Стоилов е повторно станал премиер во периодот меѓу 1894-1899 година. При неговото управување продолжил економскиот подем на Бугарија, кој започнал со владата на Стамболов. При оваа влада бил донесен првиот закон за покровителство на домашната индустрија, со рок на дејствување на 10 години.

Во средината на март 1901 година се разболел и по кратката и остра пневмонија умрел на 23.03.1901 година пред да наполни 47-годишна возраст. Погребан е на 25.03.1901 година во Софија.

СемејствоУреди

Константин Стоилов се оженет на 31 март 1888 за Христина Тпчилешова, а со неа имал пет деца: Стоил, Христо, Петко, Марија и Борис. Татко му, Стоил Захаралијата бил со потекло од Стара Загора, а неговата мајка е по потекло од Копрившица.

ИзвориУреди

  1. Ташев, Ташо. Министрите на България 1879-1999. София, АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО, 1999

Надворешни врскиУреди