Атанас Раздолов
Атанас Раздолов — македонски револуционер и писател.
Атанас Раздолов | ||
Роден | 1872 година Берово, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1931 година Софија, Бугарија | |
Занимање | Македонски револуционер и писател |
Биографија
уредиРаздолов е роден во 1872 година во Берово, Малешевско, во семејството Топаловци. Уште млад тој го напушта родното место и оди во Софија. Задоен со преродбенските и ослободителните борби во малешевскиот крај и наоѓајќи се во работничка средина во Софија, ослободителните идеи кај младиот Раздолов се издигнуваат на повисоко ниво. Тој ја поврзува националноослободителната борба со револуционерната борба на работничката класа. Познат е под псевдонимот „дедо Раздолчо“. Членува во Македонскиот револуционерен социјалдемократски сојуз, основан од Васил Главинов.
Во 1901 година е затворен поради неговите пишувања за бугарскиот кнез Фердинанд.
За време на Балканските војни, тој бил доброволец во втората бригада од Седмата кумановска дружина на Македонско-одринскиот доброволен корпус на бугарската армија, со командирот потпоручник Георги Светогорски.[1]
Атанас Раздолов самиот си го одзема животот во Софија во 1931 година.
Творештво
уредиРаздолов е автор на 15 книги, помеѓу кои се: „Песните на востаникот“ (1895), „Крвавиот исток и бездушна Европа“ (1889), „Пред министерските врати“ (1907), „Иднината на балканскиот полуостров“ (1914). Објавил и повеќе статии, стихови и брошури со револуционерна содржина. Дел од неговите брошури по курири биле испраќани во внатрешноста на Македонија, за потребите на Организацијата.
Пример од поезијата на Атанас Раздолов
уредиСледната поема е извадок од „Песните на востаникот“.
Так в срцето македонско |
Белешки
уреди- ↑ Раздолов, А., Бѫдащето на Балканския полуостровъ, Варна, 1914, Печатница на Д. Тодоровъ, стр. 14
Надворешни врски
уредиВикиизвор има текст за |
- „Иднината на Балканскиот Полуостров“
- За луѓето од Малешевијата - Атанас Раздолов
- Атанас Раздолов говори за това кои точно са Македонците