Петко Каравелов бил бугарски политичар, еден од водачите на бугарската Либералната партија, а подоцна на Демократската партија. Тој е брат на писателот Љубен Каравелов и татко на Лора Каравелова - сопруга на поетот Пејо Јаворов.

Каравелов

Животопис

уреди

Петко Каравелов е роден на 24 март 1843 година во Копривштица. Тој е помалиот брат на големиот бугарски општественик и револуционер Љубен Каравелов. Како дете учи во Копривштица, а потоа е испратен од својот татко во грчко училиште во Енос, Грција, за да ја продолжи семејната трговска традиција од која неговиот брат Љубен бега. Со помош на Најден Геров заминува и завршува гимназија во Москва. Во 1861 година студира на Московскиот филололошко-историски факултет, а подоцна - по неколкогодишен прекин завршува право во Русија.

 
Лора Каравелова (првата лево) со свои соученичка
 
Гробот на Петко Каравелов

За време на Руско-турската војна Петко Каравелов е запишан во штабот на руската армија. Така се враќа во Бугарија. Веќе со утврден авторитет е назначен за вицегубернатор на градот Видин и окружен гувернер на градот Трново. Активно учествува во создавањето на Трновскиот устав, пратеник е и во бугарското основачко собрание. Каравелов е претседател на радикалното крило на Либералната партија, а на 37 годишна возраст, во 1880 станува и премиер на Бугарија [1]. Во 1881 година на чело на државата е кнез Александар Батенберг, кој по државниот удар го воведува т.н. "Режим на полномошната". Законите се воени, а уставот е санкциониран. Петко Каравелов е принуден да емигрира во Романија. Подоцна заминува за Пловдив, каде што работел како гимназиски учител и станува градоначалник во периодот 1881 - 1883 година.

По долги и тешки преговори меѓу конзервативците на кнезот Батенберг и либералите на Драган Цанков, ситуацијата во Бугарија, малку по малку, почнува да се нормализира. Постигнати се договори за амандмани на Уставот, а на Драган Цанков му е предложена премисерската функција. Во истиот период, радикалните фракции на либералите, на чело со Петко Каравелов се сојузуваат со соборените руски генерали. На спроведените избори во 1884 година, Петко Каравелов победил ии повторно станува премиер во периодот 1884-1886 година. Во овој мандат тој одигра огромна улога за меѓународно признавање на обединувањето помеѓу Источна Румелија и Кнежевство Бугарија.

По абдикацијата на Батенберг, на чело на регентскиот совет застанува Стефан Стамболов, кој свикува третото Големо народно собрание, кое требало да го избере австрискиот принц Фердинанд за кнез на Бугарите. Петко Каравелов жестоко се противи на овој избор, но сепак во 1887 Фердинанд е избран. Каравелов бил опозициски настроен против власта на Стефан Стамболов и во 1891 година е обвинет за соучество во убиството на министерот Христо Белчев и е осуден на 5 години затвор. Во 1894 година е амнестира, а две години подоцна ја формира Демократската партија, чиј член останува сè до својата смрт.

Се оженил со Екатерина Великова Пенчева - Каравелова (1860 - 1947) со која има три деца - Радко, Виола и Лора - големата љубов на бугарски поет Пејо Јаворов.

Наводи

уреди
  1. Ташев, Ташо. Министрите на България 1879-1999. София, АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО, 1999.