Горно Врбени

село во Леринско, Егејска Македонија, Грција
(Пренасочено од Екши - Су)

Горно Врбени или Екши Су (грчки: Ξινό Νερό, Ксино Неро; до 1926 г. Εξή Σου, Екси Су;[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1.081 жител (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Горно Врбени
Ξινό Νερό
Училиштето во Горно Врбени
Училиштето во Горно Врбени
Горно Врбени is located in Грција
Горно Врбени
Горно Врбени
Местоположба во областа
Горно Врбени во рамките на Суровичево (општина)
Горно Врбени
Местоположба на Горно Врбени во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°41.25′N 21°37.24′E / 40.68750° СГШ; 21.62067° ИГД / 40.68750; 21.62067
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаСуровичево
Надм. вис.&10000000000000650000000650 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.081
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Потекло на поимот

уреди

Селото се нарекува Горно Врбени бидејќи постои уште едно село со истиот назив наречено Долно Врбени. Името на селото официјално е променето во 1936 година и го добива новиот назив за грчка употреба - „Ξινό Νερό“ или Ксино Неро што во превод значи минерална вода. Исто така, за време на Отоманското Царство селото се нарекувало „Ekşi Su“ или Екши Су, што во превод повторно значи минерална вода.

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 34 километри југоисточна оддалеченост од Лерин и на 5 километри западно од општинскиот центар Суровичево. Горно Врбени се наоѓа помеѓу планините Ниџе и Мала Река. Врбени коешто поради киселата вода го нарекуваат Екши Су е сместено во подножјето на Килит – Дервент и крстосницата на патиштата СолунКостур и БитолаСерфиџе.

Историја

уреди

Според записите на Ѓорче Петров од крајот на XIX век, селото кое тој го запишал како Долно Врбени било едно од големите села на Рудничката нахија, кое што имало околу 350 куќи, направени од камен и покриени со ќерамиди. Населението, со исклучок на десетина ромски куќи, било чисто македонско. Во осумдесеттите години на XIX век, односно 13 години пред посетата на Ѓорче Петров целокупното население се откажало од Грчката патријаршија, но после 5-6 години околу 20 куќи одново минале под грчкото духовенство. Во селото имало две егзархиски училишта – машко и женско и едно гркоманско, а имало и три цркви од кои во една богослужат гркоманите.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Екши-су (Врбени) се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 315 куќи.[4]

Училишната зграда е дело на видниот градител Атанас Митровски (1873-1940) од Себишта, Голо Брдо.

Стопанство

уреди

Селото Горно Врбени располага со извори на минерална вода, кои пак се едни од трите главни извори на минерална вода во Грција. За потребите на производството на минералната вода во селото има и фабрика за полнење на шишиња со минерална вода. Кон крајот на XIX век селаните се занимавале со земјоделство и произведувале пченица, ’рж, јачмен, вино, ракија и семиња од разни зеленчуци, а мнозина од нив оделе во туѓина во Цариград каде што се занимавале со градинарство.

Демографија

уреди

Горно Врбени има околу 1.500 жители. Сите се Македонци, кои одлично го зачувале македонскиот јазик.[5]

Општествени установи

уреди

Образование

уреди

Горно Врбени има околу 1.500 жители, сите се Македонци. Во селото има едно училиште, но во него никогаш не се прозборело ниту се напишало еден збор на македонски јазик. Училиштето го изградиле македонски мајстори, од битолското село Смилево во 1903 година. Изградбата завршила во 1908-та, пред на тие простори да дојдат Грците. Било запалено, па реновирано во 1912 година. Денес, учениците учат само на грчки јазик.

Култура и спорт

уреди

Секоја година при крајот на месец февруари во Горно Врбени се одржува карневал во кој учествуваат учесници од сите краеви на Егејска Македонија. Покрај карневалот, во селото има оформено и фудбалски клуб под името Анагениси создаден во 1926.

Иселеништво

уреди

Личности

уреди
Родени:

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Εξή Σού – Ξυνόν Νερόν
  3. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 152.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
  5. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Надворешни врски

уреди