Тодор Саев (15 декември 1872 - 28 март 1903) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет и бугарски офицер.

Тодор Саев

Животопис

уреди

Саев е роден на 15/27 декември 1872 година во селото Белица, тогаш во Отоманското Царство. Неговиот брат е Константин Саев, исто така, револуционер. Учи во своето родно село, а потоа во Сер и во бугарскиот главен град Софија. Во 1894 година завршува австроунгарското морско училиште во Трст и служи во бугарската флота.

 
Здружената чета на Тодор Саев и Никола Лефтеров, за време на Горноџумајското востание
 
Погребот на Тодор Саев.

Во 1900 година ја напушта воената служба и влегува во Врховниот македонско-одрински комитет. Во мај 1902 година, Тодор Саев се бори двапати со Христо Чернопеев во село Габрово и кај селото Селиште, а има жртви на двете страни.[1]. Друга борба водат кај Лешко. Почеток на Горноџумајското востание започнува на 23 септември (стар стил) 1902 година од страна на четата на Тодор Саев во селото Железнец [2],, тогаш негов четник е и Павле Жељазков. Заедно со четата на Никола Лефтеров се бори кај селата Лешко и Белица.

По востанието за кратко е интернирани заедно со Иван Цончев, Стефан Николов и поручникот Софрониј Стојанов од бугарската влада под притисок од големите сили. На 9 март 1903 година четата на Тодор Саев и Константин Настев налетале во заседа кај месноста Чавката, Пијанечко. 36 души четници се бореле 8 часа со над 1300 души аскер. Загубите од турска страна изнесуваат повеќе од 60 лица убиени и повредени, а од страна на четата 5-на се убиени и 6-на души се повредени.

Во предвечерието на Илинденското востание, Тодор Саев влегува со чета во Горноџумајско. На 9 април (стар стил: 28 март) 1903 година во селото Цапарево,неговата четата била опколена од турска потера. Четата успева да се извлече од опкружувањето, но во борбата војводата Тодор Саев е смртно ранет. Погребан е во месноста Орешец во близина на селото Долене.

Наводи

уреди