Гоце Делчев (роман)
„Гоце Делчев“ — роман за деца на македонскиот писател Ванчо Николески од 1964 година.
Содржина
уредиКнигата се состои од пролог со наслов „Се појавил чуден човек“, 16 глави и епилог со наслов „Срце во срцата“:[1]
- Се појавил чуден човек
- Големата радост
- Марко Крале на зелената полјана
- Битка на зелената полјана
- Поарно бесилка отколку да бидам предавник
- Неисполнети желби
- Долу султанот
- Големо разочарување
- Втора средба
- Ноќна заклетва
- Чудната книга и уште почудното мастило
- Кираџијата со ориз и средба на друмот
- Живиот мртовец
- Чудниот трговец
- Две средби во Скопје
- Саблерските фабриканти
- Баница во пламен
- Епилог - Срце во срцата
Изданија
уреди- Во 1987 година, романот бил објавен како заедничко издание на издавачките куќи „Мисла“, „Култура“, „Детска радост“, „Наша книга“ и „Македонска книга“. Книгата била задолжителна лектира за учениците од четврто одделение според наставниот план на основните училишта во СР Македонија. Автор на илустрациите е Спасе Секулоски, нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, јазичната редакција ја направила Лидија Ежова-Гулеска, а книгата била испечатена во НИП „Нова Македонија“, во тираж од 30.000 примероци. На крајот на книгата се наоѓа поговор со наслов „Разговор за делото „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески“, дело на Косара Гочкова. Книгата, со обем од 96 страници и димензии од 20 сантиметри е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје, но без меѓународната ознака ISBN. [2]
- Изданието од 1987 година било повторно испечатено во 1993 година.[1]