Мисија на Георги Белев во Македонија
Мисијата на Георги Белев во Македонија била спроведена во 1904 година. По Илинденското востание, цончевистите се обиделе да ја искористат кризата која настанала во македонското националноослободително движење. Како и во минатото, врховистите се обиделе да ја потчинат Внатрешната организација преку преговори и предлози.
Преговори
уредиВо средината на мај 1904 година, во Солун пристигнал Георги Белев, касиер на ВМОК. Тој имал задача да преговара со претставниците на Организацијата. Белев постојано зборува дека контактирал и преговарал со членовите на Централниот комитет, меѓутоа ЦК еден месец порано бил распуштен и всушност тој преговарал со членовите на Солунскиот окружен комитет.[1] Белев во Солун стапил, преку Васил Мончев, во контакт со Димитар Мирчев, Христо Поп Коцев, Петар Поп Арсов и други.
Цел
уредиДел од темата „Македонски комитет“ |
---|
Основачи
|
Ментори
|
Противници
|
Сојузник
|
Конгреси
|
Востанија
|
Органи
|
Фракции
|
Поврзано
|
Според тврдењата на Белев, тој во Солун дошол за да постигне спогодба и координација на активностите меѓу двете организации. Според Белев тоа требало да се постигне врз следниве начела: 1) Двете организации се автономни и независни една од друга со совоето внатрешно уредување. 2) Границата меѓу Бугарија и Турција е граница помеѓу двете организации. 3) Секој работник во Македонија е внатрешен и се потчинува на Внатрешната организација 4) Секој македонски борец во Бугарија е надворешен и се потчинува со ВК. 5) ВК, по договор со ЦК, материјално да ја помага Внатрешната организација. 6) Раководителите на двете организации контактираат дирекно без посредници и претставништво. 7) Тие тела имаат свои делегати кои секоја година ќе се собираат на советување во време и место определено од ЦК. 8) Привремено да се сопре секоја активна револуционерна дејност за да им се даде полна слобода на големите сили да ги оделотворат своите реформи во Македонија.[2]
Неуспех
уредиПредлозите на Белев биле едноствано одбиени од страна на Димитар Мирчев и Христо Поп Коцев со образложение дека за тоа е потребна согласност од окружните раководители преку еден референдум. Ако се анализира предлогот на Белев, паѓа во очи осмиот предлог каде што се бара прекратување на револуционерната дејност за да се реализираат реформите на големите сили во Македонија. Станува збор за Мирцштешките реформи, кои биле отфрлени од Организацијата, меѓутоа она што е позначајно е фактот дека тие во добар дел биле погодни за Бугарија. Имено, во точката три од овие реформи се препорачало да се изврши административна реорганизација заради соодветно групирање на националностите.[3]
Доколку оваа точка била реализирана, Бугарија би добила надмоќност во Македонија. Во Османлиското Царство, Македонците немале свој милет, а во зависнот од тоа во која црква оделе, тие биле запишуваниво бугар или рум милетот. Кога реформите биле предложени, најголемиот дел од Макеоднците биле под јурисдикција на Бугарската егзархија. Впрочем, оваа точка била една од главните причини за силен разгор на вооружените националистичките пропагнади во Македонија. Со овој предлог, ВМОК повторно докажал дека тој е орудие на бугарската влада и спроводник на нејзините цели. Бидејќи бил одбиен, Белев потоа заминал за Битолскиот револуционерен округ, каде што веќе имало емисари на ВМОК.
Аугуст Крал, австриски конзул во Битола, во својот извештај од 20 јули 1904 година забележал дека врховистите: развиваат упорна агитација и се стремат да воспостават модус вивенди и дека сакаат да ги подведат под влијание на кнезот Фердинанд, нивната дејност построго да ја контролираат, а тие акции што не им конвенираат да ги парализираат.[4] Врховистичката дејност била поддржуванаи од бугарскиот трговски агент во Битола-А. Тошев. Тој настојувал да ги доближи централистите кон желбите на врховистите... Овдешниот комитет да го направи играчка во свои раце и во таа смисла не жали помошти и дарови. Крал заклучил дека: Ова е сигурно дел од преземената акција од страна на бугарската влада, Внатрешната организација да ја доведе во извесна зависност од себе.[5]
Извори
уредиЛитература
уреди- Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонскотонационалноослободително движење, Матица Македонска, Скопје, 1997
- Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Табернакул - Филозофски факултет, Скопје, 2003