ІІ македонски конгрес
Вториот македонски когрес на македонските друштва, бил свикан по неуспешното Мелничко востание со окружно под бр. 265 од 5.11.1895 година.
Дел од темата „Македонски комитет“ |
---|
Основачи
|
Ментори
|
Противници
|
Сојузник
|
Конгреси
|
Востанија
|
Органи
|
Фракции
|
Поврзано
|
Заседание и делегати
уредиКонгресот се одржал од 3 до 16 декември 1895 година во Софија. На него присуствувале 32 делегата. На овој когрес им било забрането да присуствуваат делегатите од Плоеш - Романија, Плевен, Кула и Цариград [1].
Работа
уредиНа когресот бил разгледан односот помеѓу Комитетот и официрите, идната тактика на Комитетот во однос на македонското дело, односите меѓу ТМОРО и Комитетот. Конгресот заклучил дека имало финансиска злопотреба со комитетската каса и недоволна кординација меѓу Комитетот и бирото, и се побарало поголемо согласие [2].
Решенија
уредиМакедонскиот комитет бил преименуван во Врховен Македонски Комитет. Во тајните протоколи било до прецизирано што се подразбира под други средства,имено Терор и Востание.Притоа во новиот комитет влегле 12 членови, за претседател бил избран генералот Данаил Николаев, потпретседател Јосиф Ковачев ,касиер Александар Радев и секретар Г. Паунчев.
Раскол
уредиНа овој конгрес дошло до судир меѓу комитетот и официрите и тие се одволиле во посебен комитет на чело со Наум Туфекчиев задржувајќи го старото име Македонски Комитет[3]. На конгресот била повикана и ТМОРО да испрати свои делегати но таа ја одбила поканата.
Извори
уреди- ↑ К. Пандев, Националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979, страна 96.
- ↑ К. Пандев, Националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979, страна 96-97.
- ↑ К. Пандев, Националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979, страна 102-105