Делчеви е едно од најистакнатите македонски семејства кои дале голем придонес во македонското национално движење. Било едно од најстарите во Кукуш. Според податоците на Стаматов, собрани од Делчеви, првите нејзини траги се датираат во средината на XVIII век. Родоначалник бил Делчо[1], за кого има многу малку податоци, како се викала неговата жена не е познато. Тие имале син Димитар или Митре, кој бил еден истакнатите граѓани на Кукуш. Димитар се оженил со Марија од Солун и од овој брак произлегол Никола Делчев, познат како Кољо. Никола Делчев бил претставник на еснафскиот македонски општествен слој, кој во 50 - тите и 60 тите година на 19 век играл значајна улога во развојот на економскиот и општествениот живот на Кукуш. Никола Делчев се оженил за Султана Нурџиева од селото Морарци. Никола и Султана имале пет ќерки (Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена) и четири сина (Гоце, Мицо, Милан и Христо) [2].

Никола Делчев на стари години.

Во текот на македонското ослободителното движење против османската власт, Гоце, Мицо и Милан ги изгубиле своите животи, а нивниот брат Христо, исто така учесник во револуционерните борби, подоцна, со семејството се преселил да живее во Горна Џумаја, каде му се придружил и неговиот татко Никола [3].

Според некои описи, семејството Делчеви имале некои карактеристични црти: глава неголема, лицето тркалезно, очите истакнати, кафеави, веѓите крупни, носот правилен, кон крајот кренат, устите подуени, подбрадокот заокруглен и малку спуштен, косите темно костенави, општа црномурност на лицето и телото, растот поблиску до крупен одошто среден, чаталот (т.е нозете и крстот) кус, трупот (средниот дел) поголем. Никола Делчев носел јадри и извиени мустаци [4].

Делчеви во спомените

уреди
И денеска на стари години (Никола Делчев б.н), тој се носи како вистински бабаит адам (бестрашен човек б.н). За неговиот, од половина аршин, пискул на фесот се раскажува во околината; неговите со гајтан ишарани потури се приказна за сите; неговиот од со широко размавтани раце и сега не им дава мир на градскиот јунашки свет... [5]
Свештеник не ја бакнува иконата на Христос кога проповеда со таква топлина и воодушевување, како што Гоце ја бакнуваше својата кама, пред да ја стави во нејзината футрола... Камата, неговиот најсилен инструмент, беше моќно средство за изразување на самоувереноста и терористичката дејност на Организацијата, затоа што со неа можеше да се користи само човек со полна самоувереност... Камата одигра крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пушката подоцна... Гоце ја опеваше камата како оружје на теророт во Организацијата и дејствуваше со неа како агитатор... Камата како најсигурен инструмент на двојна смрт (убиство и евентуално самоубиство) дејствуваше без грешка и како симбол на самоувереност беше предодредена да игра и воспитна улога за создавање кај работниците дух на самоувереност и саможртва, затоа Делчев ја засака, ја избра и ја претпочиташе пред револверот [6]


Но треба да спомнам дека Кукуш го дал на Македонија, на македонскиот народ, на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, идеологот на македонската револуција, бесмртниот борец за слободата на македонскиот народ... Ќе укажам и на неговиот брат, Мицо Делчев, убиен 1900 година... а исто така и за помалиот брат на Гоце Делчев, Милан Делчев, убиен за време на Илинденксото востание. Ќе укажам на големата ролја што ја играла најстарата сестра на Гоце Делчев, Ружа Делчева, и подло убиениот... нејзин син, Тодор Чопов, познат македонски револуционер. Во револуционерното движење исто така активно учествувал и помалиот брат на Тодор Чопов, Туше Чопов [7]
На подлите палачи не им трепна раката, кога го стегаа јажето околу вратот на Тодор Чопов... И со такви крвави раце тие ќе ја "ослободуваат" Македонија! Се срамува човек да живее во денешното подло време [8]

Претставници

уреди
 
Потомците на Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје (1946). Сестрите на Гоце, Тина и Велика (четврта и петта од лево) и внуката Лика Чопова (последната десно)
Делчо, родоначалник
Димитар или Митре, истакнат граѓанин на Кукуш
Никола Делчев, претставник на еснафскиот слој
Султана Нурџиева Делчева
Руша Делчева, една од првите жени во Македонската револуционерна организација
Цоца Николова Делчева
Гоце Делчев, апостол и срцето на револуционерна Македонија [9]
Христина (Тина) Николова Антонова (Делчева)
Велика (Лика) Никола Станишева (Делчева)
Димитар Делчев, македонски револуционер
Елена Николова Делчева
Милан Делчев, македонски револуционер
Христо Делчев, македонски револуционер
Тодор Чопов, македонски револуционер [белешка 1]
Туше Чопов, македонски револуционер
Катерина Трајкова Нурџиева, македонски национален деец, борец во НОВ, секретар на Методија Андонов- Ченто [белешка 2]

Белешки

уреди
  1. Родители му се, сестрата на Гоце Делчев, Руша Чопова и Доне Чопов. Имал уште тројца браќа и сестри Владимир - револуционер од ВМОРО, загинал во Првата светска војна, Туше, Христо, Велика (Лика) - истакнат педагог и публицист, Ленка и Магда.
  2. Катерина Нурџева е родена во Горна Џумаја (денес „Благоевград“) во 1922. Нејзините родители биле приморани да се преселат од Егејска Македонија во Пиринска Македонија во 1915 година. Таа е внука на познатиот македонски револуционер и национален деец Гоце Делчев. Дедото на Катерина е брат на Султана, мајката на Гоце Делчев. Таткото на Катерина и Гоце Делчев се први братучеди и соборци во македонското револуционерно движење, види 103 години од смртта на Гоце Делчев

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Ст. Стаматов, Спомени за Гоце Делчев, София, 1935
  2. Христо Андонов - Полјански, Гоце Делчев и неговото време, Култура, Скопје, 1978
  3. Удостоверение, издадено от д-р Хр. Татарчев и Христо Матов на Никола Делчев за участието на синовете му Гоце, Мицо и Милан Делчеви в националноосвободителното движение в Македония
  4. Ст. Стаматов, Op. cit., 5
  5. П. К. Јаворов, Гоце Делчев., 106
  6. Ѓорче Петров, Беседа за Гоце, Култура, Скопје, 2003
  7. Димитар Влахов, Мемоари, Скопје, 1970
  8. Костелов, Боян, „Димо Хаджидимов. Живот и дело“,Изд. на Отечествения Фронт, София, 1985 г., стр.245
  9. Евтим Спространов. Дневник, Т.I (1901-1907), Предговор Александър Гребенаров, Съставители: Гребенаров, Ал., Милкана Бошнакова, Георги Царев. С. 1994