Рачо Петров
Рачо Петров бил бугарски офицер и политичар. Тој заземал голем број на места во бугарската армија, а по повлекувањето од воената служба, во 1896 година, се занимавал со политичка активност. Двапати бил премиер на Бугарија - првиот пат ја водел привремената 21 влада, од 25 јануари 1901 година до 4 март 1901 година, вториот пат - 26-та влада, од 19 мај 1903 година до 4 ноември 1906 година, во текот на својата кариера бил близок со кнезот Фердинанд I.
Рачо Петров | ||
Роден | 19 февруари 1861 Шумен, Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 22 јануари 1942 Белово, Бугарија |
Воена кариера
уредиНа 30 август 1878 година Рачо Петров го стекнал чин заставник. По Руско-турската војна, во 1878 година стапил во руската школа во Пловдив, а подоцна истата година во Военото училиште во Софија, и завршил во 1879 година, а на 10 мај го добил чинот подпоручик. На 24 март 1882 година го стекнал чинот поручникот.
Во 1883 година завршил при Николаевската воена академија во Санкт Петербург. Бил назначен за командант на чета во 5-та пешадиска тетевенска дружина, а потоа служел во 11-та пешадиска орханиска дружина во Шумен. На 24 март 1885 година го добил во чинот капетан и назначен Генералштабот, по што станал бригаден аѓутант во штабот на 1-та пешадиска бригада во Софија.
По обединувањето на кнежевството Бугарија и Источна Румелија (1885), со Указот № 2 на кнезот Александар I Батенберг издаден на 9 септември е назначен за привремен вршител на должноста началник на Генералштабот на бугарската војска. По завршувањето на Српско-бугарската војна (1885) е назначен за носител началник на штабот на војската. За своето учество во војната е награден со орден "За храброст" II степен. На 1 јануари 1886 година го добил во чинот мајор. Во 1887 година е началник на Военото училиште, а од февруари с.г. Регентството го назначило за началник на привремено формираниот Источен одред во Русе.
Рачо Петров учествувал активно во сузбивањето на воените немири во Русе во 1887 година На 24 април 1887 година е назначен за министер за одбрана во владата на Стефан Стамболов, на оваа функцијата останл во втората и третата влада на Константин Стоилов (1894-1896). На 2 август 1888 година го добил во чинот потполковник, а на 2 август 1891 чинот полковник. Во овој период го помага Македонскиот комитет и Мелничкото востание. На 17 ноември 1896 година е унапреден во чинот генерал-мајор, а на 29 ноември истата година е отпуштен од армијата и напуштил министерскиот совет.
Политичка кариера
уредиВо следните години Петров се занимавал со политичка активност и бил близок со Народнолибералната партија. Учествувал во второто влада на Тодор Иванчов, а во почетокот на 1901 година ја предводел привремена влада што била одговорна за спроведување на изборире. Во периодт меѓу 1903-1906 година повторно бил на чело влада составена од Народнолибералната партија. Рачо Петров бил народен претставник во XI (1901 година) и XIII (1903-1908 година) Народно собрание.
Во 1910 година, парламентарна комисија утврдила дека Рачо Петров внесувал поголему суми на пари од различни државни фондови на каматна сметка во Бугарската народна банкав во која доаѓале и негови лични средства. Освен од каматата на сметката, тој си ги присвојувал и приходите од повеќе шпекулации со валутата и хартии од вредност кои вршеле со државни пари. Комисијата утврдила судир на интерсеси [1].
Рачо Петров е основач и прв претседател на создадената во 1908 година Сојуз на резервни офицери, го предводел до 1911 година.
Период на војните
уредиВо Балканските војни (1912-1913) е назначен за командант на Трново-Сејмен, а подоцна е распределен во главното седиште. На 2 август 1913 бил унапреден во чинот генерал-полковник. За време на Втората балканска војна командува 3-та армија (од 12 јуни 1913), која војувала со српската армија во насока на Пирот. По завршувањето на војната, на 2 август 1913 бил унапреден во чин генерал-полковник. Во Првата светска војна (1915-1918) е назначен за генерал-гувернер на Македонската военноинспекционна област. Во 1916 година е назначен од штабот на дејствувачката армија. Во 1917 година излегол во активна служба по сопствена волја.
Подоцнежен период
уредиПри владата на Александар Стамболиски (1920) е осуден на 75 години затвор. Поминал 4 години во затвор, по што паднала владата на Стамболиски и тој бил амнестиран во 1924 година. На 6 мај 1936 година лично царот Борис III го удостојил со највисоко звање генерал на пешадијата. Рачо Петров умрел на 22 јануари 1942 година во Белово - Пазарџиско.
Семејство
уредиРачо Петров е оженет од 1887 за Султана Панталеева Хаџиминчович (1869-1946), позната како Султана Рачо Петрова. Тие имаат 3 деца:
- Марија
- Владa (по маж (Карастоjaнова), позната новинарка од BBC
- Благој
Бракот не оди добро и во 1919 година се развеле. Рачо Петров има љубовница - србинката г-ѓа Балугчич, а Султан Рачо Петрова, според некои извори, била љубовница на Фердинанд, што е помогнало во брзата кариера на Рачо Петров [2].
Награди
уреди- Орден „За храброст“ II степен
- Орден „Св. Александар]“ I степен без мечеви, II степен со мечеви горе и III степен со мечеви по средината
- Златен орден „За заслуга“
- Турски орден „Меџидие“ I степен
- Турски орден „Османије“ I степен
- Руски орден „Св. Ана“ I степен
- Германски орден „Корона“ I степен
- Српски орден „Таково“ I степен
Извори
уреди- ↑ Аврамов, Румен. Комуналният капитализъм: Т.III. София, Фондация Българска наука и култура / Център за либерални стратегии, 2007
- ↑ „Фердинанд и сексуалните скандали. Вестник НОВИНАР, Вторник, 10 април 2007“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2011-05-29.