Таската Серски (родено име: Атанас Спасов Даскалов; февруари 1876 или 1880 - 7 јули 1923) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Таската Серски
Роден 1880
Врања, Пиринска Македонија
Починал 7 јули 1923
Софија, Бугарија

Животопис

уреди

Роден е во село Врања, Мелничко во февруари 1876 или 1880 г. Завршил педагошко училиште во Сер и неколку години работи како учител. Рано се вклучува во револуционерните борби.

Четник на Јане Сандански. Близок соработник на Гоце Делчев, бил учесник во борбата кај селото Баница, Серско, кога загинува Гоце. Голем противник на врховизмот и соидејник на Јане Сандански.

По Илинденското востание е околиски војвода на чета во Серскиот револуционерен округ и член на окружниот комитет.

Зема учество во Младотурската револуција. Активист на Народната федеративна партија, во 1910 г. е избран за член на Централното раководство на НФП заедно со д-р Христо Тенчев, Димитар Мирасчиев, Чудомир Кантарџиев и Александар Бујнов.

За време на Првата балканска војна е војвода на чета. Заедно со Јане Сандански и останатите војводи влегуваат во Солун пред настапувањето на бугарските единици, како претходница на бугарската коњаница.[1]

По војните живее како емигрант во Бугарија. Член е на Привременото претставништво на „поранешната Внатрешна организација“.

Убиен од припадници на ВМРО во 1923, на операционата маса при операција на слепото црево која требало да ја изврши проф. Александар Станишев [2][3].

Наводи

уреди
  1. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 628, 894.
  2. Енциклопедия България, том 6, Издателство на БАН, София, 1988 (статия Атанас Спасов).
  3. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.