Христо Станишев — македонски инженер во Бугарија, учесник во македонското револуционерно движење и претседател на Македонскиот комитет, учесник во Големиот македонски собор од 1933 година.

Христо Станишев
Роден 24 декември 1863
Кукуш, Егејска Македонија
Починал 1952
Софија), Бугарија

Животопис

уреди

Тој е роден 1863 г. во Кукуш. Учи во родниот град, во Солун, завршува градежно инжинерство во Белгија. Работи како стенограф во Народното собрание на Бугарија, проф. во Солунската гимназија „Св. Кирил и Методиј“.

Како инженер ги гради: зградата на Англиската легација во Софија, споменикот на „Цар Освободител“ во Софија, железничката линија Левски-Свиштов, учествува во изградбата на храмот „Св. Александар Невски“.

Во Балканските војни доброволец. Претседател на ВМОК. По 1928 г. се определил на страната на В. Михајлов. Починал 1952 г. во Софија.[1]

Извори

уреди
  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 154.