Пастрмаовчо или козјо солено и сушено месо.[1] Денес пастрмата главно се користи за подготовка на познатите пастрмалии и поретко како додаток на течно гравче или печена на жар. Пастрмата се користи за подготовка на уште еден специјалитет својствен за Радовишсаздрма.[2]

Пастрма
Овча пастрма со мамалига
Дел од оброкотглавно јадење
Место на потеклоМакедонија, Бугарија, Романија, Турција
Температура на послужувањетопло или ладно
Варијантиовча, козја, говедска

Подготовка

уреди

Пастрмата се подготвувала од турско време. Порано се користела многу повеќе бидејќи немало фрижидери, па за чување на месото се користело негово солење и сушење.

Постапката за создавање пастрма е долг. Закланата овца или коза се остава сама да се исцеди од течностите и крвта и потоа се расекува за да може да се соли. Посолувањето трае 3-4 недели при што месото се врти на сите страни за солта да фати подеднакво на сите страни. Најчесто се користи јадра морска сол. Потоа следи сушење кое трае најмалку месеци и пол. Најдобро е да се суши надвор кога има мразови и ветер.[2]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

Рецепт за грав со пастрма