Горна Џумаја

град во Пиринска Македонија

Горна Џумаја (од 1950 г. офиц. Благоевград) — град во Пиринска Македонија, Југозападна Бугарија, седиште на Благоевградската Област (Горноџумајска Област).

Горна Џумаја
Благоевград
Панорама на градот
Грб на Општина Горна Џумаја
Горна Џумаја is located in Бугарија
Горна Џумаја
Горна Џумаја
Координати: 41°45′N 23°25′E / 41.750° СГШ; 23.417° ИГД / 41.750; 23.417
ЗемјаБугарија
областБлагоевград (област)
општинаГорна Џумаја (општина)
Управа
 • ГрадоначалникРумен Томов
Површина
 • Градска28,91 км2 (11,16 ми2)
 • Општина620,12 км2 (23,943 ми2)
Надм. вис.&10000000000000360000000360 м
Население
 • Градско70,881 (2.011)
 • Општ.77,441 (2.011)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2700
Повик. бр.073
Рег. таб.E

До 1950 година, градот и официјално го носел името Горна Џумаја, а името Благоевград го добива во 1950 г. во чест на Димитар Благоев - Дедото, социјалист од Загоричани, Костурско, кој е еден од основачите на социјалистичкото движење и партија во Бугарија.

Потекло на поимот

уреди

Името Џумаја потекнува од турскиот збор „cuma“ што во превод значи „петок“, т.е. пазарниот ден на градот.

Географија

уреди
 
Плоштадот „Георги Измирлиев - Македончето“

Благоевград се наоѓа во долината на реката Струма, во северниот дел на Пиринска Македонија. Преку градот тече реката Бистрица (Благоевградска Бистрица). Сместен е во Горноџумајската Колтина, на 360 метри надморска височина помеѓу планините Рила и Влаина, а во неговата близина се издига и Пирин Планина. Оддалечен е 27 километри источно од македонско-бугарскиот граничен премин „Делчево“ и 39 километри од градот Делчево.

Се наоѓа на 100 километри јужно од главниот град на државата, Софија.

Историја

уреди

Во античкиот период, на местото на денешниот град Горна Џумаја, во IV век п.н.е. постоел тракискиот град Скаптопара (Σκαπτοπάρα).

 
Маалото Варош

Во средината на XVII век, овој регион го посетува османлискиот патописец Евлија Челебија, којшто запишал дека гратчето Орта Џума има 200 куќи покриени со ќерамиди, голема џамија со многу верници, 80 дуќани и многу минерални извори.

Во 30-тите години на XIX век, Горна Џумаја го посетил и францускиот геолог Ами Буе, којшто го опишува како град со 3.000 до 4.000 жители. Џамиите се доказ дека покрај Бугарите,[1] имало доста Турци и Помаци. Исто така, градот го нарекува Шума (од „шума“ - гора).

Во 1844 година, по издавањето на султанскиот ферман, во маалото Варош е осветена црквата „Воведение на Пресвета Богородица“, доградена и зографисана во наредните 50 години. Рускиот патописец Виктор Григорович на пат од Мелник за Рискиот манастир, го посетува градот и го споменува во неговата книга „Опис на патувањето низ Европска Турција“.

...откако го оставив селото Семитли, влегов во долина украсена од гратчето Џумаја на реката Струма. Ноќта на поминав со неговите гостопримливи жители. Џумаја има една црква „Воведените на Пресвета Богородица“ и неголемо училиште.

Според статистиката на Васил К’нчов кон крајот на ХІХ век, Горна Џумаја има 6 440 жители од кои 4 500 Турци, 1 250 Македонци,[1] 250 Власи, 200 Роми, 180 Евреи и 60 Грци.[2]

По завршувањето Балканските војни и Букурешкиот договор, градот како и целиот регион влегува во границите на Бугарија. По 1913 година, голем дел од турското и другото муслиманско население се иселува, а на нивно место во градот се доселуваат бројни бегалски маси на Македонци од Егејска и Вардарска Македонија.

 
Црквата „Воведение на Пресвета Богородица“

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Горна Џумаја имало околу 7.000 жители, од кои само околу 30 семејства биле Турци, (коишто до Балканските војни сочинува мнозинска заедница во градот), 100 семејства Власи и мал дел Евреи и Роми.[3]

Во 1919 година излегува првиот весник во Горна Џумаја „Македонска солза“, а во 1920 година во градот се преместува Солунската гимназија, денес гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во 1925 година започнува темелното уредување на центарот на градот и подоцна се формира плоштадот „Македонија“ и неговите соседни улици. Во 1929 година, Горна Џумаја за првпат добива електрична енергија, прославена како национална радост и веселба на плоштадот.

Во февруари 1933 година, во Горна Џумаја се организира првиот Голем македонски собор на Македонците-бегалци од сите страни на Македонија. По повод 30-годишнината од Илинденското востание, во градот е поставен Споменик на незнајниот македонски борец, кој потоа е разрушен во државниот удар во 1944 година.[4]

Во 1954 година кон градот се присоединува селото Грамада, а по 1973 година и селото Струмско. Во 1955 година е поставен споменик на македонскиот револуционер Гоце Делчев, висок 8 метра.

 
Поглед на дел од градот

Население

уреди

Горна Џумаја е најголемиот град во Пиринска Македонија и петнаесетти град по големина во Бугарија.

Според пописот од 2011 година, во Горна Џумаја живееле 70.881 жител.[5]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:

националност број %
Бугари 62.674 88,42
Роми 1.813 2,55
Турци 123 0,17
други 684 0,96
не се самоопределиле 271 0,38
не одговориле 5.316 7,49
Вкупно 70.881 100

Во градот и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[1] Во пописот од 1956 година, кога имало можност за самоопределување на македонски народ, вкупно 52,18 % од населението во Горноџумајската околија се декларирале како Македонци.[6]

На табелата е прикажан бројот на населението во Горна Џумаја за периодот 1934-2011:

Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
Население 11.145 16.007 22.826 34.177 50.023 65.065 71.476 71.144 70.881

Последниве години градот бележи пад на населението и според пописот на Националниот статистички институт на Бугарија, по проценките од 31 декември 2018 година, во градот имало 69.178 жители.[7]

 
Зградата на Американскиот универзитет во Бугарија

Култура

уреди

Во Горна Џумаја се наоѓаат два универзитета - Југозападниот и Американскиот. Во градот излегуваат весниците „Струма“ и „Вјара“ и единствениот македонски весник во Бугарија, месечникот „Народна Волја“.

Личности

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 191.
  3. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244
  4. „История на днешен Благоевград“, преземено од www.museumblg.com на 16 март 2010 г.
  5. „Справка за населението на гр. Благоевград, общ. Благоевград, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2018-06-16. Посетено на 2018-02-04.
  6. Улрих Бюксеншютц - „Малцинствената политика в България. Политиката на БКП към евреи, роми, помаци и Турци (1944-1989)“, стр. 5 Архивирано на 20 мај 2013 г. До днес не e ясно, дали в България има значим брой хора, които се чувстват като “Македонци”, макар резултатите от преброяването през 1956 г. да посочват техния брой на почти 200000 (виж табл. 5). Тези резултати обаче са грубо фалшифицирани - в онова време върху населението на Пирин планина се упражнява масивен натиск да се признаят за “Македонци”.
  7. Национален статистически институт

Надворешни врски

уреди