Благој Калејчев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и член на Македонската револуционерна организација.

Благој Калејчев
Роден 1868
Воденско, Егејска Македонија
Починал 16 април 1945
Софија, Бугарија

Животопис

уреди

Калејчев е роден 1868 година во воденското село Владово, тогаш во Отоманското Царство, денес Аграс, Грција. Во 1891 година завршува во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во 1894 година завршил природни науки на Софискиот универзитет и станал учител. Работел во Сер, Прилеп, Битола, Солун, Стара Загора и други места.

Се вклучил во македонското револуционерно движење и како учител во Сер, го формирал првото револуционерно јадро на Македонската револуционерна организација во овој град. Во 1896 година учествувал во работата на Солунскиот конгрес како претставник на Серско. Во приодот меѓу 1896 - 1898 година бил директор на училиште во Прилеп и претседател на околискиот комитет на Организацијата [1].

Умрел 1923 година во Софија.

Извори

уреди
  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 69.